20 Декември, 2025
0.0565

Шпаркасе Банка и ЕБОР со нова еко кредитна линија и можност за инвестициски грант за клиентите до 20 отсто

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2023 10:14

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка АД Скопје ја продолжува долгогодишната соработка со својот партнер Европска банка за обнова и развој преку потпишување нов договор со кој се обезбедени дополнителни 1,5 милиони евра од Програмaта за финансирање на зелената економија (GEFF 3) достапни за домаќинствата што сакаат да инвестираат во високоефикасни технологии, какви што се фотоволтаични системи, сончеви колектори, топлински пумпи, прозорци и врати, изолација и слично, и за кои им се доделува финансиски грант до 20% од вредноста на кредитот.

Преку оваа успешна програма Шпаркасе Банка АД Скопје досега има финансирано повеќе од 2.700 домаќинства во износ од 21,5 милиони евра позитивно оценети инвестиции во прифатливи технологии со кои ги уживаат придобивките од нив, какви што се намалена потрошувачка на енергија, намалени трошоци во семејниот буџет, зголемена вредност на своите домови и придонеле кон колективно подобрување на околината.

„Ми претставува задоволство да ја продoлжиме успешната приказна на Програмaта за финансирање на зелената економија за Западен Балкан од ЕБРД, во која Шпаркасе Банка АД Скопје има значително учество во Република Северна Македонија. Со оваа линија сакаме да ги поттикнеме граѓаните да инвестираат во своите домови во напредни технологии, со што ќе имаат повеќекратен поврат, атрактивен финансиски грант до 20% од инвестицијата од една страна и ќе постигнат одржливост на својот дом во иднина– изјави г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

„Задоволни сме што ја проширивме нашата соработка со Шпаркасе Банка и среќни сме поради фактот што сè поголем број граѓани ја препознаваат важноста и придобивките од инвестирањето во енергетската ефикасност. Овие инвестиции им овозможуваат на клиентите подобрување на удобноста на нивните домаќинства и намалување на трошоците за електрична енергија“ – изјави г-н Анди Аранитаси, директор на ЕБОР за Северна Македонија.

Како единствен директен банка-потписник на Принципите за одговорно банкарство на ООН во Република Северна Македонија, и во согласност со својата деловна стратегија, се стремиме да изградиме одржлива економија за идните генерации преку финансирање инвестиции наменети за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и зелени технологии.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии