20 Декември, 2025
0.0563

Шпаркасе Банка најави атрактивен станбен кредит со ниски и фиксни каматни стапки

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2017 14:47

Добивај вести на Viber

Денес по повод Саемот на градежништво, Шпаркасе Банка Македонија ја објави новата атрактивна понуда за станбен кредит со поволни фиксни каматни стапки од 3,25% за првите три години и 4,40% за следните две.

За начините на полесно остварување на желбата за нов дом, сите заинтересирани купувачи ќе имаат можност да се информираат за понудата кај претставниците од Шпаркасе Банка Македонија, кои ќе бидат присутни на штандовите на градежните компании. За целото времетраење на Саемот на градежништво, заинтересираните купувачи ќе можат подетално да се информираат и да ги добијат информативните пресметки за понудата на станбениот кредит, кој промотивно Банката го нуди без трошоци за одобрување и без трошоци за процена на имотот во првата година. Производот е со максимален рок на отплата до 30 години.

Водени од нашата корпоративна стратегија, да бидеме банка на целото семејството и да бидеме нивна континуирана поддршка во сите фази од животот, а во пресрет на овогодишниот Саем на градежништво, креиравме нова атрактивна понуда со поволни фиксникаматни стапки, преку која им овозможуваме на потенцијалните купувачи на недвижности одлична понуда за реализација на плановите за нов дом. Современиот банкарски пристап при креирање финансиски понуди, согласно со потребите и очекувањата на клиентите, е она што секогаш нè води да создаваме вистински вредности, додека со нашето одговорно делување како финансиска институција, да им ги овозможуваме најдобрите услови на клиентите што сакаат да обезбедат нов дом за своето семејство“, изјави г-ѓа Викторија Јовановска, директор на секторот Управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија.

Покрај понудата за станбениот кредит, потенцијалните купувачи ќе имаат можност да ги добијат сите потребни информации за наједноставно решавање на нивните финансиски потреби, како и за користење современи и иновативни услуги, кои ќе им овозможат полесна и побрза реализација на банкарските услуги. 


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии