20 Декември, 2025
0.1043

Шпаркасе Банка организираше спектакуларен концерт во Филхармонија

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2023 12:07

Добивај вести на Viber

На 1.3.2023 година, во преполна сала на Македонската Филхармонија се одржа музички спектакл со Влатко Стефановски Трио, диригент Џијан Емин и филхармонискиот оркестар, во покровителство на Шпаркасе Банка АД Скопје.

На настанот во присуство на голем број соработници, клиенти и претставници од медиумите свое кратко обраќање имаше г. Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор, кој констатираше дека Шпаркасе Банка заокружи уште една успешна деловна година и ја искористи можноста да им се заблагодари на сите институции, медиуми, како и клиенти и вработени на Банката, за целосната поддршка во изминатиот период. Истовремено, тој истакна дека годинава Шпаркасе Банка одбележува 15 години успешно работење на македонскиот пазар, како и дека останува силно посветена на визијата да се позиционира како општествено одговорна компанија, која има за цел обезбедување поквалитетен живот за сите во нашето општество, па во наредниот период голем труд и енергија ќе вложи во реализација на целите од стратегијата за одржливост.

Настанот продолжи во пријатна атмосфера, а ѕвездите на сцената приредија врвно музичко доживување, кое долго ќе се памети и прераскажува.

Соработката со музичката легенда Влатко Стефановски и Шпаркасе Банка трае втора година по ред. Тој, како синоним за талент, квалитет и професионалност, е бренд-амбасадор на Банката, личност што верува во себе и во својот сон и успешно ја пренесува пораката кон младите луѓе да веруваат во себе и во својот потенцијал. Оваа соработка, освен што е дел од кампањата „Верувај во себе“, претставува придонес кон целокупната македонска култура и уметност.

Шпаркасе Банка продолжува да ги поддржува сите успешни луѓе што сакаат и имаат сила да ги менуваат нештата кон подобро, препознава потенцијал и мотивира, и на тој начин  придонесува кон градење подобра заедница.

Задоволството на клиентите, на вработените и на соработниците е водечка цел на Шпаркасе Банка, како и вложувањето во заедницата, културата и иновативните идеи што го движат светот напред, кон подобра иднина.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии