16 Јануари, 2025
0.0238

Шпаркасе Банка: „Рециклирање – кажи да!“

Објавено во: Мои пари 11 Април, 2013

Добивај вести на Viber

„Рециклирање – кажи да!‘‘ е главната порака на еколошкиот проект за едукација  на децата на возраст од 6 до 14 години за рециклирање инициран од Шпаркасе Банка и спроведен во соработка со Министерството за образование и наука и Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак. Планирано е проектот да биде долгорочен и на почетокот ќе се одвива во две фази, почнувајќи од април годинава до јуни 2014. Во првата фаза наречена „Месец на рециклирање“ ќе бидат вклучени повеќе од 34 училишта од неколку скопски општини, додека во втората фаза „Најактивно еко училиште“ ќе бидат вклучени и училишта низ Македонија од општините од Охрид, Битола, Штип и Струмица. Целта на проектот е едуцирање на децата за потребата и придобивките од собирањето отпад  и неговото рециклирање, нивно мотивирање за што помасовно вклучување како и обезбедување на средства за понатамошни еколошки активности во училиштата. „Суштината на акцијата ’Рециклирање – кажи да!’ е во согласност со долгорочната определба на Министерството за изнаоѓање модели како  во основните училишта што повеќе да се воведе концептот на заштита на животната средина. Иако низ повеќе предмети во текот на своето школување учениците учат за меѓусебното влијание на човекот и природата, вклученоста во проектот им покажува како можат лично да придонесат, децата стануваат свесни за улогата која  ја имаат врз природата и опкружувањето“, изјави Министерот за образование и наука Панче Кралев. -Нашата банка е еколошки одговорна институција. Проектот ’Рециклирање – кажи да!’ има повеќе димензии. Пред сè, ги едуцира децата за заштитата на животната средина, ги мотивира на собирање отпад и негово рециклирање, создавајќи кај нив навика за еколошка свест уште од мали години. Проектот промовира индивидуална и заедничка одговорност за намалување на отпадот и ја зголемува свесноста за важноста од здрава и чиста животна средина. Навистина ни е драго што нашата иницијатива наиде на поддршка од страна на Министерството за образование и Пакомак.Ваквите проекти успеваат и имаат вистински придобивки само доколку постои единство и разбирање меѓу сите релевантни страни“, изјави Кристина Депо, Директор за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка Македонија. Во текот на проектот, учениците ќе собираат отпад од пакување, хартија и пластика. На крајот на секоја фаза, Шпаркасе ќе ги наградува училиштата кои собрале најмногу отпад. -Иницијативата на Шпаркасе Банка е за поздравување особено што овој заеднички проект е наменет за вклучување на децата во процесот на заштита на животната средина. Проектот му дава на рециклирањето дополнителна вредност затоа што собраните средства од откупот Пакомак ќе ги донира во училиштата со што ќе им обезбеди основа за понатамошна работа на полето на животната средина“, рече Филип Ивановски, Извршен директор на Пакомак. Се очекува дека проектот ќе наиде на голем интерес кај учениците, училиштата, родителите, заедницата како и на поддршка од медиумите за негова промоција. Шпаркасе Банка Македонија ја продолжува својата стратешка определба да биде активен учесник во развојот и унапредувањето на различни сегменти на општеството. Годинава планирани се повеќе општествено одговорни проекти во различни области и во соработка со повеќе институции, невладини организации и партнери, меѓу кои се и оние за развој на најмладите, екологијата, образованието, но и спортот, културата, филмската уметност и др.

Можеби ќе ве интересира

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE