05 Декември, 2025
0.0660

Шпаркасе Банка: Станбени кредити со каматна стапка од 5.50% фиксна за првите пет години

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2013 13:35

Добивај вести на Viber

Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија донесе одлука за именување на Глигор Бишев за нов претеседател на Управниот одбор на банката. По добивањето на лиценцата од страна Народна Банка на Република Македонија од 03.јуни 2013 г-дин Бишев и официјално ја презеде функцијата претседател на Управниот одбор на Банката. Определбата на г-дин Бишев, заедно со менаџерскиот тим на Банката и  Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Грац, стратешкиот  акционер на Шпаркасе Банка Македонија е да ја позицинираат банката во следниве неколку години помеѓу водечките финансиски институции во земјата, препознатлива по сигурноста, иновативните производи, ефикасноста и квалитетот на услуга. Во таа насока, Шпаркасе Банка воведува нови производи на пазарот, станбен кредит со фиксна каматна стапка од 5.50% за првите пет години и каматна стапка од 5.25%, фиксна за првите три години : ‘‘Знаејќи дека домот е најважен, а во овој период од годината заинтересираноста за купување нов дом, стан или куќа е зачестено, со поддршката од нашата матична банка ги обезбедивме средствата и формиравме нов производ, станбен кредит со фиксна каматна стапка од 5,50% за првите пет години. На тој начин, ќе се обезбеди стабилност на каматната стапка за населението во следните 5 години со што обезбедуваме можност за подолгорочно планирање на средствата за сите потенцијални клиенти кои планираат да имаат сопствен дом. Воедно воведовме уште еден дополнителен станбен производ со каматна стапка од 5,25%, фиксна за следните три години, за граѓаните да имаат повеќе можности за избор при нивното планирање на средствата. ШБМ ќе продолжи со својата фокусираност кон кредитирање на граѓаните и во иднина ќе биде посветена на креирање и лансирање нови иновативни и современи производи.‘‘, изјави г-дин Бишев. Имајќи ги во предвид долгорочните цели и користејќи го искуството од матичната куќа, Шпаркасе Банка Македонија ја продолжува стратегијата да креира квалитетни и иновативни производи во согласност со  потребите постоечките и потенцијални клиенти.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј