06 Декември, 2025
0.3233

Штипјани бираат што да направат со 4,8 милиони денари

Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2013 19:22

Добивај вести на Viber

Како дел од Форумот на заедниците, каде  преку средства од Швајцарската агенција за развој се финансираат проекти избрани од граѓаните, Штипјани ќе може да одберат што сакаат да биде направено во нивната општина. Поточно, за да се добијат пари од Швајцарската агенција, услов е проектот да биде избран од граѓаните. Така општина Штип одлучи годинава да се собираат предлози за проекти од спортот или образованието. Општината дава 2.4 милиона денари, а уште толку ќе вложи и Швајцарската агенција за развој, со што вкупната сума со која ќе се реализира новиот проелт рипна на 4,8 милиона денари. Доколку општината одлучи, може да даде и повеќе пари, најавија надлежните. Форумските сесии започнуваат во среда, во 13 часот во ООУ „Тошо Арсов" каде ќе има прва средба со граѓаните кои ќе предлагаат проекти важни за Штип.
„ На финалната сесија, сите проекти ќе бидат пред граѓаните и тие ќе гласаат што треба да се направи со овие средства кои се обезбедени. Најважно е да се каже дека има позитивно искуство од Форумот на заедниците. На пример, во постапката за меѓуопштински форум на заедниците, Пробиштип и Кочани ја избраа доизградбата на сообраќајницата до Пониква како главен проект, Струга и Дебар имале проект за селекција на цврст отпад а Чешиново и Облешево избрале проект за набавка на камион за отпад", рече Весна Коловска. За општините кои учествуваат обезбедени се околу 43 милиона денари. Штип е седмата општина која се вклучува во овој процес и до нова година низ форумските сесии и работни групи треба да го избере својот проект.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј