01 Октомври, 2022
0.0399

ШТИПСКА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЛЕБ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ПОТРОШИЛА 572 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ - дали се за плати, или за некоја друга причина

Објавено во: Економија 17 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Компанијата „Макпромет“ од Штип во првите шест месеци од годинава ги зголемила трошоците за своите вработени за 21 пат.

Ова може да се види од Билансот на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.

Станува збор за енормно зголемување на трошоците за вработените, што не е вообичаено во финансиските извештаи на другите компании, односно тие иако главно регистрираат покачување, тоа вооибичаено е од 10 до 20 проценти.

Во случајот со „Макпромет“ од Штип, пак, индексот на зголемување на трошоците за вработените изнесува дури 2.129. 

Или, изразено низ бројки, трошоците за вработените во првото полугодие лани изнесувале 1,65 милиони денари, или изразено во евра тоа е нешто помалку од 27.000 евра, додека, пак, во првите шест месеци од оваа година компанијата „Макпромет“ од Штип имала трошоци од вработените на сума од 35,2 милиони денари, што е рамно на дури 571.626 евра.

Тоа значи дека оваа штипска компанија за период од шест месеци, на своите вработени им исплатила плати или пак за нив имала други трошоци во вид на надоместоци, во вкупен износ од близу 600 илјади евра. Тоа е огромна сума ако се има предвид дека според еден извештај од 2020 година кои можат да се најдат на интернет, на крајот на таа година компанијата имала 48 вработени. И, ако се има предвид дека во истиот период лани тој трошок изнесувал 27 илјади евра.

Не е јасно на кој начин се зголемиле трошоците за вработените кај оваа компанија. Анонимни извори кои за Фактор ја посочија оваа неверојатно голема разлика, се прашуваат дали станува збор за огромен број нови вработувања, или, пак, наводно, се поставува прашање - дали станува збор за бонуси на менаџерскиот тим. 

Во образложението за финансискиот резултат за првите шест месеци од годинава доставено во Берзата, компанијата нема прецизно објаснување зошто толку се зголемени трошоците за плати, туку само е наведен износот на таа ставка. 

„Вкупните оперативни расходи изнесуваат 143.569 илјади денари и се состојат од: трошоци за суровини и материјали и електрична енергија во износ од 79.077илјади денари, набавна вредност на продадени готови производи во износ од 7.102 илјади денари, услуги кои имаат карактер на материјални трошоци во износ од 14.538 илјади денари, трошоци за плати и други надоместоци на вработените во износ од 35.155 илјади денари и останати оперативни трошоци во износ од 7.697 илади денари“, се вели во делот од образложението на финансискиот резултат посветен на расходите на компанијата.

Инаку, за компанијата „Макпромет“ АД Штип на Берзата можат да се најдат податоци дека е основана во 1973 година. 

„Својата дејност ја врши преку четири друштва со ограничена одговорност кои се занимаваат со производство на кондиторски производи, производство на леб и бели пецива, графичка индустрија и трговија. Пренесувајќи го искуството низ повеќе генерации, Макпромет АД Штип денес е индустриска компанија која настапува на домашниот и странскиот пазар со широк асортиман на производи“, се вели во основните податоци за дејноста на компанијата.

Во еден од извештаите на компанијата може да се прочита дека таа има 100 отсто учество во „Жито леб“ од Штип, како и во неколку други компании, и дека основната дејност и е производство и трговија со прехранбени произвбоди.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Русија престана да испраќа гас во Италија

Русија престана да испраќа гас во Италија

ЛЕБОТ, БРАШНОТО И ПЕЦИВАТА ЌЕ ПОСКАПАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ 10 ОТСТО, Мелничарите: скапата струја и цените на берзите се превисоки

ЛЕБОТ, БРАШНОТО И ПЕЦИВАТА ЌЕ ПОСКАПАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ 10 ОТСТО, Мелничарите: скапата струја и цените на берзите се превисоки

ФОН ДЕР ЛАЈЕН: ГАСОВОДОТ ЌЕ ДОНЕСЕ СЛОБОДА ОД РУСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАВИСНОСТ, уцената мора да престане

ФОН ДЕР ЛАЈЕН: ГАСОВОДОТ ЌЕ ДОНЕСЕ СЛОБОДА ОД РУСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАВИСНОСТ, уцената мора да престане

ЕВРОСТАТ: ЦЕНИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОДУКТИ ПОСКАПЕА, најмногу житариците, семињата, овошјето и јајцата

ЕВРОСТАТ: ЦЕНИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОДУКТИ ПОСКАПЕА, најмногу житариците, семињата, овошјето и јајцата

Бектеши. Ако се оствари планот на ЕСМ струјата нема да поскапи, сепак треба да се штеди

Бектеши. Ако се оствари планот на ЕСМ струјата нема да поскапи, сепак треба да се штеди

СУДОТ ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ, ЛИДЛ ПОВЛЕКУВА ПРОИЗВОДИ: Мора да ги уништат сите, ги тужеше позната компанија

СУДОТ ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ, ЛИДЛ ПОВЛЕКУВА ПРОИЗВОДИ: Мора да ги уништат сите, ги тужеше позната компанија

ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ ВО ФОКУСОТ НА КИНА: 20 Градови до 2025 ќе прераснат во високи зони за заштита на IPR

ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ ВО ФОКУСОТ НА КИНА: 20 Градови до 2025 ќе прераснат во високи зони за заштита на IPR

ДЕНЕСКА ПРОТЕКУВА ГАС НИЗ ГРЧКО БУГАРСКИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР, претседателите на балканските земји на отворањето

ДЕНЕСКА ПРОТЕКУВА ГАС НИЗ ГРЧКО БУГАРСКИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР, претседателите на балканските земји на отворањето

КРИЗНАТА СОСТОЈБА ПРОДОЛЖУВА И ВО НАРЕДНИТЕ 6 МЕСЕЦИ: Собранието изгласа продолжување на кризните состојби со струјата и парното

КРИЗНАТА СОСТОЈБА ПРОДОЛЖУВА И ВО НАРЕДНИТЕ 6 МЕСЕЦИ: Собранието изгласа продолжување на кризните состојби со струјата и парното