Штипски винарии со полни раце работа, интензивно го откупуваат грозјето
Објавено во: Агробизнис 05 Септември, 2013 15:00
Трите штипски винарии интензивно го откупуваат грозјето. Според менаџерите на винариите над 50 отсто од родот е веќе откупен.
Менаџерот на винаријата „Езимит вино“, Вито Митровски вели дека годинава ќе откупат два милиони килограми грозје, од кои 90 отсто се од нивните плантажи, а останатите 10 отсто од лозарите со кои имаат склучено договори за откуп.
- Откупот на грозјето е почнат, а го откупуваме согласно цените дадени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 13 денари за вранецот, 11 денари за смедеревката, поголема е цената кај нас за разлика од другите винарии за темјаниката, односно 24 денари. Од кавлитетот на грозјето сме задоволни, поради обилните врнежи кои беа во пролетта, а тоа придонесе во јули кога се сушеа лозјата да имаат подземни води. Тоа доведе да имаме одличен квалитет, рече Митровски.
Во штипската винарија „Имако вино“ планиран е откуп на 13 милиони килограми и истата количина на грозје ќе ја откупи и винаријата „Аневски“.
Во штипскиот регион годинава е планиран откуп на 28 милиони килограми.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





