Што ако турист се зарази со коронавирусот во Грција?
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 16 Јуни, 2020
Доколку во хотел во Грција се појави заболен со Ковид-19, само тој и блиските одат во карантин, но не и целиот хотел, информираат властите.
Хотелот ќе продолжи да функционира и нема да биде ставен во карантин, изјави епидемиологот Никос Сипсас за грчката телевизија „Скај“, пренесе МИА од Атина.
Тврди дека ситуацијата ќе биде под контрола.
„Ќе се лоцира согласно со оперативниот план, потоа пациентот ќе биде изолиран, ќе се пронајдат контактите и само блиските контакти ќе бидат во карантин во хотелот. Но, хотелот ќе продолжи да функционира“, вели Сипсас.
Тој вели дека е очекувано да се појават увезени случаи на новиот коронавирус во текот на летото на различни места.
Според него, вториот бран ќе се случи наесен.
Вчера имаше колони на грчката граница.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.