Што бара Влатко Ѓорчев за обвинетите од „крвавиот четврток“?
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2018 18:42
За обвинетите за настаните од 27 април лани во Собранието, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во денешното сведочење во судот, молеше за милост и човечност кон нив.
Рече дека неколку лица видел на 27 април во законодавниот дом, меѓу кои Мумир Пепиќ, Горан Ѓошевски и Владо Јовановски. За нив рече дека со поглед се договарале, а и извикувале да се смирува ситуацијата и појасни дека имало луѓе по ходници, на скали, луѓе заклучени по канцеларии, како и во подрумот на законодавниот дом.
Тој го спомна и поранешниот прв човек на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и Богдан Илиевски за кој рече дека се видел во наредните денови по 27 април и му кажале дека им било жал што се случило насилство во Собранието.
„Го молам судот за милост и човечност кон овие луѓе исто како што молев и замолував на 27 април во Собрание да не се тепаат луѓе. Го молам судот да не отиде предалеку со овие луѓе бидејќи овие присутни тука имаат семејства и кога сето ова ќе заврши, кога ќе наполниме по 60 - 70 години, ќе треба пак да се сретнеме на улица и да си кажеме добар ден. Го молам судот за милост“, рече Ѓорчев.
На ова реагираше обвинителката Вилма Рускоска која праша на што личи ова.
Пред почетокот на неговото сведочење, додека судијката Добрила Кацарска го прашуваше Ѓорчев за личните податоци и ги внесуваше во записник, Ѓорчев, рече дека е жител на Скопје, Република Македонија. На ова Кацарска праша дали има некое друго Скопје освен во Република Македонинја. Ѓорчев нагласено возврати Република Македонија додека уште можеме да кажеме.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




