Што е Марбург вирус и како се пренесува: мачен тек на болеста и неизвесно преживување
Објавено во: Свет 19 Јули, 2022
Откако здравствените власти во Гана потврдија дека двајца пациенти кои неодамна починале се заразени со вирус познат како Марбург, здравствените институции во земјата се подготвуваат за потенцијална епидемија.
Тоа ќе биде втор пат болеста да биде откриена во Западна Африка, по помал број заразени случаи во Гана минатата година.
Сепак, без оглед на помалиот број на пациенти, на секакви навестувања за можноста за појава на Марбург, вирус од исто семејство како и вирусите кои предизвикуваат ебола, лекарите нервозно ја следат ситуацијата, бидејќи, според податоците на СЗО, е еден од најсмртоносните вируси, за кој нема лек, а има потенцијал да се шири надалеку, пишува странскиот печат.
Директорот на СЗО за Африка изјави дека „Марбург лесно може да излезе од контрола“.
Вирусот се пренесува на луѓето од овошни лилјаци и се шири меѓу луѓето преку пренос на телесни течности. Тоа е тешка болест со чести фатални исходи и симптоми на главоболка, треска, болки во мускулите, повраќање со крв и крварење.
Сè уште нема лек за Марбург, но лекарите велат дека останувањето хидриран и лекувањето на специфични симптоми ги подобрува шансите за преживување на пациентот.
Системите што се користат во Гвинеја и соседните земји за да се спречи неодамнешната епидемија на ебола се повторно активирани од вирусот Марбург.
Светската здравствена организација (СЗО), која ја поддржа Гана во нејзините брзи чекори за борба против епидемијата, објави дека е неопходно „итно да се запре“ вирусот.
Лекарите тврдат дека последните две жртви развиле симптоми како што се дијареа, треска, гадење и повраќање, а со оглед на тоа што Марбург е крајно смртоносен, убива до 90 отсто од заразените, Гана моментално прави напори да пронајде луѓе кои биле во контакт со починати мажи.
Според Би-Би-Си, беше откриено дека двајца мажи биле позитивни на вирусот претходно овој месец и нивните примероци сега се во лабораторија во Сенегал.
Последната бројка на лица кои се во карантин поради можни контакти со болните, денес изнесува 146 од заразените, со четири високоризични контакти.
Инаку, првата епидемија на Марбург беше во Германија во 1967 година, кога починаа седум лица.
За време на епидемијата на вирусот Марбург во Ангола во 2005 година, починаа повеќе од 200 луѓе.
Ова е втор пат Марбург да биде идентификуван во Западна Африка. Еден случај беше потврден во Гвинеја минатата година, но епидемијата беше прогласена за завршена во септември, пет недели откако беше идентификуван случајот.
Според податоците на СЗО, спорадични случаи на оваа болест во Африка досега се регистрирани во Ангола, Демократска Република Конго, Кенија, Јужна Африка и Уганда.
Нема лек за Марбург
Вирусот Марбург е најсмртоносниот вирус во светот, имајќи предвид дека, според податоците на СЗО, убива до 90 отсто од заразените. Во моментов нема лек за болеста.
Почетните симптоми вклучуваат силна главоболка, висока температура, дијареа, абдоминална болка и повраќање. Со текот на времето, симптомите стануваат поизразени. По неколку дена, многу пациенти доживуваат внатрешно крварење или крварење од отворите на телото како што се устата, очите и ушите.
Марбург вирусот се пренесува на луѓе кои се изложени на рудници или пештери каде што се наоѓаат лилјаците. После тоа, вирусот се шири преку директен контакт со телесни течности на заразени лица или површини и материјали кои биле во контакт со тие течности, пренесуваат странските медиуми.
izvor> danas.rs
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.