ШТО Е MRSA: Со смртоносна бактерија заразен вработен на скопска клиника
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2019 14:22
Кај вработен на Универзитетскиот Стоматолошкиот клинички центар „Свети Пантелејмон“ во Скопје е регистрирана опасната бактерија МРСА.
Вонредни санитарни прегледи се вршат кај вработените а надлежните смируваат дека немало место за паника.
Дел од медиумите пренсоа дека заразениот е забен техничар.
Во врска со објавената вест дека во Стоматолошките клиники е откриена бактерија „МРСА“, ја информираме јавноста дека кај еден од вработените е најдена оваа бактерија, но со целосна одговорност ја уверувам јавноста дека нема место за страв кај пациентите, изјавила пак директорката на Клиниката д-р Амела Цана.
Што претставува MRSA бактеријата?
MRSA или Метицилин резистентен стафилокок е бактерија Staphilococcus aureus која развила специфична отпорност на почеток на дејството на пеницилинот, а потоа и на делувањето на антибиотикот метицилин и слични антистафилококни лекови кои припаѓаат на групата бета-лактамази.
Оваа бактерија често се наоѓа на кожата и слузниците на човекот. Бактеријата кај здравите лица не предизвикува никакви симптоми и тие се само преносители на бактеријата. Бактеријата може да се пренесе преку физички контакт, преку кожата или пак преку кивање или близок контакт со преносителот.
Иако бактеријата кај здравите луѓе со јак имунитет не предизвикува болест, таа може да предизвика сериозни инфекции кај лицата со намален имунитет и со оштетена кожа или слузници. Доколку продре под кожата или во телото, може да предизвика сериозни заболувања како: гнојни инфекции на кожата, воспаление на дишните патишта, пневмонија. Од MRSA формата на стафилокок најчесто заболуваат лицата со ослабен имунитет, а такви лица најмогу ги има во болниците. Поради тоа, долго време се сметало дека MRSA е исклучиво болничка инфекција. Но, од оваа инфекција можат да заболат и лица кои не биле хоспитализирани.
За да се заштитиме од инфекцијата со оваа форма на стафилококна бактерија, секако треба да водиме сметка за правилната и редовна лична хигиена. Редовното миење на рацете е најважна работа. Обавезно убаво треба да се измијат рацете со сапун и млаз вода пред секое земање на храна или после посета на болен. Треба да се избегнува контакт со болни, како и да се избегнува користење на заеднички предмети за лична хигиена (пешкири и сл.).
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




