Што е најважно кога аплицирате за станбен кредит?
Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2017 10:56
Кога купувате стан, има еден основен предуслов од којшто зависи одлуката да го направите тој потег. Покрај желбата и потребата за сопствен дом, секогаш во преден план се вашите финансиски примања што отвараат можност да подигнете станбен кредит.
Освен парите што веќе ги имате заштедено, станбените кредити се најлесниот метод да дојдете до свој стан, што всушност се голем и популарен тренд кај младите луѓе и новите брачни парови. Па затоа, ако навистина сте подготвени да подигнете станбен кредит, тогаш треба многу детално да ги разгледате сите понуди од банките. Во тој поглед, луѓето што аплицираат за станбен кредит, најважни им се каматните стапки и рокот на нивно траење.
Дури една третина од младите, станбениот кредит очекуваат да го вратат пред своето пензионирање, а месечната рата од кредитот да не биде поголема од една половина од нивните вкупни месечни примања, бидејќи не сакаат тие давачки драстично да им влијаат на другите основни и секојдневни животни потреби. Имајќи ги предвид овие податоци, Силк Роуд Банка најде формула со која ќе бидат задоволени и усогласени сите потреби на оние што аплицираат за станбен кредит. Нивната промотивна понуда е една од најповолните на пазарот, нудејќи услови за станбено кредитирање преку најниската фиксна каматна стапка од 2.9% ЕУР за првите три години и променлива стапка од 5.85% ЕУР во останатиот период. Во зависност од потребата, на располагање ви стојат кредити до 150 000 евра со рок на исплата до 30 години. Банката како дополнително олеснување за кредитобарателите, не наплаќа провизија и проценка, ниту пак било какви административни и апликативни трошоци што се дел од барањето и подигнувањето на станбениот кредит.
Разбирливо е дека купувањето стан е голем чекор, но неопходен. Домот е првата станица каде започнува независноста, онаму каде што е застапено чувството на сигурност, на припадност, на нешто кое е ваше, градено со години, вложувајќи многу труд, внимание и фантазија.
За да купите дом, потребни се пари. Да создадете дом, потребна е љубов. Силк Роуд Банка со својата промотивна понуда ви го олеснува патот и до двете работи.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




