19 Декември, 2025
0.0452

Што ги карактеризира луѓето кои немаат долгови?

Објавено во: Мои пари 05 Февруари, 2014 18:00

Добивај вести на Viber

Дали имате долгови ? Исплаќате ли нешто на лизинг? А можеби сте веќе од оние луѓе кои заборавиле што е тоа да не должиш пари на никого ? Ова се 10-те нешта кои се карактеристични за луѓето кои немаат долгови: Тие обрнуваат внимание на деталите Тие обрнуваат внимание на скриените трошоци и не ги забораваат датумите за исплата на пречекорувањата. Не бидете расеани. Почнете да ги читате внимателно извлекувањата од вашата кредитна картичка . Водете евиденција за што се трошат парите. На крајот на месецот или седмицата прегледувајте ги овие трошоци и исклучете го вишокот. Тие знаат точно во каква финансиска ситуација се Дури и да имаат сметководител, тие лично ја прегледуваат даночната пријава. Не може да се оправдате со тоа дека не се разбирате ништо од финансии - ако е така - Едуцирајте се по прашањето. Трошат помалку Во вашите мисли, намалете си ја претставата за она што го заработувате, со 10% или повеќе. И потоа распоредете ги парите и трошете до оваа сума. Луѓето кои немаат долгови, трошат помалку отколку што заработуваат. Мислат долгорочно За нив не е важно да одат на одмор во најмодерните одморалишта оваа година , тие мислат за најмалку 6 месеци пред овој одмор. Не се плашат да прашуваат Тие прашуваат кога не им е јасно. Тие прашуваат за подобра камата , тие секогаш се заинтересирани за подобри можности. Тие штедат Нема како да поминете без тоа . Дури и малите суми, редовната распределба, можат да имаат големо значење за вас. Тие си поставуваат цели Ќе ви биде полесно да штедите, ако имате одредени таргети. Не ги оставајте работите сами на себе. Тие велат „не" Не е задолжителоно да ја прифатите секоја покана за вечера, која ќе ви ја упатат или да си купите се што ќе ви се допадне во продавницата. Научете се да си велите „Не" . За нив искуствата се повеќе вредни од предметите Вечера во ресторан со семејството е добра работа, но најубаво е поминатото време со најблиските, а не самиот ресторан. Па зошто да не ги намалите трошоците за рестораните и не се фокусирате на тоа да си поминете убаво дома? Тие плаќаат во кеш Луѓето без долгови не се потпираат на кредитна картичка. Ако немате пари за да купите нешто сега, значи не можете да си го дозволите.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии