Што ги прави Македонците најнесреќни луѓе во регионот?
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2019 06:55
На листата на најсреќни земји на светот, Финска го зазема првото место, додека Македонија се најде на 84 место.
Листата на најсреќните земји се прави на основа на тоа колку се задоволни граѓаните на една земја, а го спроведува мрежата на Обединетите нации за одржливи развојни решенија во соработка со Фондацијата Ернесто Или. Резултатите од испитувањето на нивото на среќа се објавени на страницата Ворлд Хепинес Репорт.
„Среќата во суштина е поврзана со повеќе аспекти од животот. На чувството на среќа влијаат надворешни фактори како: работните услови, висината на приходите, како и социјалната сфера. Односно, колку е личноста позадоволна од работните услови, висината на приходите и е социјално вклучена во општеството се очекува да е посреќна. На тоа би го додала семејството како фактор. Најчесто семејството го спомнуваат како важен фактор за среќа. Вклученоста во семејството, поддршката и емотивната размена во семејството влијае на тоа колку личноста е среќна. Од внатрешни фактори би спомнала дека нивото на стрес е обратно пропорционално со доживувањето на среќа. Колку повеќе стрес има личноста, а воедно помалку соодветни механизми за намалување на нивото на стрес толку поголемо незадоволство. Физичката активност и здравиот сон истотака се важен фактор за задоволство и среќа кои се поврзани со хомеостазата“, вели Надица Скепароска-Петковска, м-р на науки од областа на клиничка психологија, основач на Мозаик Советувалиште, Скопје.
Најсреќни балканци се Словенците позиционирани на 44. место, потоа следува Србија на 70. Црна Гора е на 73. Хрватска на 75 место, а од Македонците посреќни се дури и жителите на Босна и Херцеговина која на оваа листа се наоѓа на 78 место.
Зад Финска се најдоа Данска, Норвешка, Исланд, Холандија, Швајцарија и Шведска.
Унгарија се наоѓа на 62. Грција на 82, додека меѓу среќни земји се сметаат и Нов Зеланд 8. Канада 9. Австрија 10 Австралија 11 и Луксембург на 14. место.
Велика Британија, Германија и Франција се наоѓаат на 15, 16 и 17 место, Русија на 68., а САД на 19 место.
Најлошо рангирани се Централната Африканска Република на 155, Авганистан на 154. Руанда на 152. и Јемен на 151 место.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




