ШТО ГИ ПРЕМИСЛИ: Независните пратеници ќе гласаат воздржано
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2018 12:53
Осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата ќе гласаат воздржано за три амандмани на денешната седницата за усвојување на нацрт текстот на амандамните на Уставот. Велат дека нивната поддршка била врзана со процесот за помирување што им го ветил премиерот Заев.
Пратениците од опозицијата кои го овозможија отворањето на Уставот ќе гласаат воздржано за трите амандмани на Владата, најави на денешната собраниска седница пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.
„Ние осум пратеници кои овозможивме отворање на Уставот со цел интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, ќе гласаме воздржано во поглед на треите амандмани со цел да оставиме простор за јавна дебата за предлози. Потврда дека сите треба да се вклучат во овој процес е прифаќање на нашиот амандман со кој се гарантира македонскиот идентитет“ – вели Рамчиловиќ.
Сакаат и да се даде шанса да се подобри текстот на амандманите и побараа поддршка од ВМРО ДПМНЕ за нивниот амандман.Тече расправата во Собранието за Текстот на нацрт-амандманите. ВМРО-ДПМНЕ на почетокот побара точката да се повлече од дневниот ред затоа што предлогот, според координаторот на пратеничката група Никола Мицевски е противуставен, а референдумот беше неуспешен. Предлогот на опозициската партија со 61 глас против не беше прифатен од владејачкото мнозинство.
Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи за секој амандман е предвидена дебата од три дена. Во оваа втора фаза за усвојување на амандманите е потребен 61 глас.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




