Што и должи Германија на Грција?
Објавено во: Балкан 07 Април, 2015 19:59
Грција објави дека Германија и должи 279 милијарди евра воени репарации за нацистичката окупација на земјата, пренесува Би-Би-Си.
Ова е прв случај во кој Атина официјално ја пријави големината на долгот од Берлин за извршените злосторства и грабежи во 40-те години на минатиот век.
Во износот пресметан од грчкиот Суд на ревизори, е вклучен и т.н. принуден заем од 10,3 милијарди. евра, со кој Грција била принудена од нацистите да го земе и да го исплати.
"Според нашите пресметки репарационниот долг на Германија изнесува 278,7 милијарди евра", посочи заменик министерот за финансии, Димитрис Мардас на седница на парламентарната комисија која ги истражува причините за грчката должничка криза.
За да избегне банкрот, Атина доби финансиска помош од 240 милијарди евра од тројката меѓународни кредитори.
Новата влада на чело со Алексис Ципрас се обидува да преговара за условите на заемот.
Ципрас го покренал прашањето со репарациите на средбата со канцеларката Ангела Меркел минатиот месец. Берлин сепак смета прашањето е безврска.
Во 1960 година Германија и плати на Грција 115 милиони германски марки компензации за окупацијата.
А пред обединувањето во 1990 година СРГ и ГДР потпишуваат со сојузниците договор кој формално стави крај на Втората светска војна и идни побарувања за репарации.
За можноста за намалување на цената на гасот за Грција и обезбедување на кредити на Атина ќе разговара денеска во Москва Ципрас на средбата со претседателот Владимир Путин.
Друга тема на нивните разговори ќе е гасоводот "Турски поток" од Русија преку Турција до грчката граница.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




