19 Мај, 2024
0.0417

Што им должи Грција на кредиторите?

Објавено во: Балкан, Економија 29 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Грција, која утре може да прогласи банкрот ако не го врати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), вкупно ќе им должи на кредиторите 242,8 милијарди евра (271 милијарди долари),а како најголем кредитор се  јавува Германија.

Ова го покажуваат пресметките на „Ројтерс“ засновани на официјалните податоци.

Збирот вклучува кредити, направени како дел од двете спасувачки програми на европските влади и ММФ по 2010 година, чија номинална вредност засега е 220 милијарди евра. Дел од нив сепак се исплатени.

Во сумата се вклучени и државните обврзници одржани од Европската централна банка (ЕЦБ) и националните централни банки на земјите од еврозоната.

Приватни инвеститори ги држат грчки државни обврзници за 38,7 милијарди евра по големото отпишување на долгот и кредитот што го трампаа од 2012 година, што ги намали грчките обврски за околу 107 милијарди евра, а вредноста на обземен долг од приватниот сектор е околу 75 проценти.

Долговите кон ММФ

На Грција им беа ветени вкупно 48,1 милијарди евра од ММФ. Од овие средства 16,3 милијарди евра претстоеа да бидат платени до март 2016 година, под услов Атина успешно да ја одржи втората економска стабилизациона програма.

Земјата која го сервисира долгот во рок до овој месец, кога ја искористи можноста да обедини четири плаќања кон Фондот, во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра, кои ќе бидат исплатени на крајот на месецот. Постарите долгови на ММФ се со каматна стапка од 3,5 проценти, што ја надминува камата на спасувачките кредити од еврозоната.

Долговите кон Европската централна банка (ЕЦБ)

ЕЦБ поседува грчки обврзници за околу 18 милијарди евра. Рокот за отплата на обврските за 6,7 милијарди евра истекува во јули и август. Претседателот на ЕЦБ Марио Драги неодамна посочил дека грчките банки добиле од институцијата 118 милијарди евра ликвидни средства, вклучувајќи ги и  89 милијарди евра во рамките на програмата за итно финансирање (ELA).

Обновата на овие средства останува одговорност на грчката централна банка, но само ако Грција остане во еврозоната. Ако замине, сметката ќе одрази врз другите земји од монетарната унија, вклучувајќи ја Германија.

Во прилог околу 45 милијарди евра банкноти во Грција се друга обврска која евентуално ќе треба да го изгаснат Европскиот систем на централни банки (Eurosystem).

Долговите кон земјите од еврозоната

Владите од еврозоната и доделија на Грција 52,9 милијарди евра билатерални кредити по првата спасувачка програма, договорена во 2010 година. Во втората спасувачка програма, договорена во 2012 година, Атина досега добила 141,8 милијарди евра од спасувачкиот фонд на еврозоната. До крајот на месецот, ако Грција ги имаше исполнето поставените услови, требаше да добие уште 1,8 милијарди евра.

Обврските кон Германија, која е најголемиот член на еврозоната, изнесуваат 57,23 милијарди евра, кон Франција - 42,98 милијарди, кон Италија - 37,76 милијарди и кон Шпанија - 25,1 милијарди евра . Ова е во прилог на придонесите за заемите од ММФ, пропорционални на квотите во светската кредитна институција.

Земјите од еврозоната веќе го продолжија доставувањето на кредитите за Грција од 15 на 30 години и ги намалија каматите на некои долгови. Тие, исто така воведоа 10-годишен мораториум на плаќање на каматата на вториот спасувачки заем од спасувачкиот фонд на еврозоната.

Грција побара од Европејците дополнителни олеснувања за кредитите - чекор што беше поддржан од ММФ. Владите од еврозоната сепак изјавија дека ќе разговараат за ова прашање, само ако Атина дополнително го заостри буџетот.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс