ШТО ИМ Е ПОЕНТАТА - Влегоа во Парламентот во коалиција со СДСМ, сега пратениците на БЕСА ќе бидат независни
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2020
Пратениците од БЕСА неофицијално во допис го известуваат собранискиот спикер Талат Џафери дека ќе дејствуваат во коалицијата „Можеме“ со СДСМ, но како независни од пратеничката група и ќе ги застапуваат интересите на својата партија.
Четворицата пратеници на БЕСА успеаја да ги добијат пратеничките места токму преку коалицијата со СДСМ, односно можеме.
Потпишани се Биљал Касами, Кастриот Реџепи, Фадиљ Зендели и Бастри Бајрами, според документот, односно барањетпо што го објавија медиумите.
Тие тврдат дека ова не значи напуштање на коалицијата.
„Ова не е напуштање на коалицијата туку да се организираме подорбро и да работиме поефикасно како БЕСА во парламентот“, изјавил Кастриот Реџепи, пратеник на БЕСА, кој ќе биде одговорен да ги координира народните избраници со кои располга партијата.
Инаку, минатата недела со претседателот на Собранието пристигнаа известувања за четири пратенички групи.
Таму за коалицијата Можеме беа потпишани 46 пратеници, односно сите и од СДСМ, и од БЕСА. Стигнаа известувања и од ДУИ, од коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ и од коалицијата Алијанса и Алтернатива.
За да се формира пратеничка група според деловникот потребни се најмналку пет пратеника. Координаторите на пратеничките групи учествуваат на состаноците кај собранискииот спикер за текот на седниците и точките на дневен ред. БЕСА во парламентот има четворица свои пратеници, со што не може и формално да понесе барање за пратеничка група.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.