26 Ноември, 2024
0.0309

КОЈ ПРАТЕНИК НЕ СЕ ПОТПИША НА БАРАЊЕТО - Изет Меџити да биде новиот координатор на пратеничката група на ДУИ

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Координатор на пратеничката група на ДУИ ќе биде Изет Меџити, поранешниот градоначалник на Чаир. 

Во претходниот состав координатор на пратеничката група на ДУИ беше Ејуп Алими.  

Заменик координатор, пак, ќе биде Арбр Адеми, досегашниот министер за образование и наука. 

На ова барање за координатори на пратеничката група на ДУИ стои дека е потпишано од 14 пратеници. 

Се поставува прашањето кој е пратеникот што не се потпишал, со оглед што ДУИ освои 15 пратенички места. 

Дали можеби тоа е пратеникот Арбен Зибери од оваа партија?

Како што вчера јавија медиумите, Арбен Зибери, новиот пратеник на ДУИ, се врати вчера во парламентот, по речиси две недели отсуство поради ковид-19.

Спикерот Талат Џафери ги информираше пратениците дека Зибери, кој на претпоследната собраниска седница на 30 август гласаше од посебна кабина за изборот на новата Влада, како суспектен на ковид-19, имал два последователни негативни теста, така што, согласно со новите протоколи, нема решение за изолација и може да се врати на работа.

Пратеникот Исмаил Јахоски, пак, неодамна негираше дека ја напуштил пратеничката група на ДУИ, во кое нагласи дека на веб-сајтот на Собранието е направена техничка грешка.

Или е тоа можеби некој сосема трет пратеник кој не бил во состојба да го стави својот потпис на барањето.

Според сознанијата од Собранието, непотпишан е претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Јован Митревски од СДСМ, пак, како и досега ќе ја координира пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз во Собранието. 

Заменик координатор ќе биде Соња Мираковска.

Пратеничката група на коалицијата Можеме, која брои 46 пратеници, за вториот заменик-координатор, ќе прати дополнително известување. Сите 46 пратеници се потпишани на барањето. 

Координатор на коалицијата Обнова за Македонија, која брои 44 пратеници, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пак, повторно ќе биде пратеникот Никола Мицевски од таа партија. 

Заменички координатори ќе бидат пак, Дафина Стоноска и Ели Панова. 

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива, за координатор е предложен Скендер Реџепи, додеја заменици ќе бидат Сурија Рашиди и Илире Даути. Ова барање е потпишано од 12 пратеници на оваа коалиција. 

За да се формира пратеничка група, како што е познато, таа треба да се состои од најмалку 5 пратеника. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје