Што истакнаа Меркел и Германија на Грција
Објавено во: Балкан 24 Март, 2015 10:49
Грција и Германија треба да работат напорно за да ги надминат навредливите стереотипи еден кон друг, кои се зголемени во текот на кризата во еврозоната, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.
Според него важна тема на разговорите била билатералната соработка. “Грците не се мрзливи, а Германците не се одговорни за сите неволји на Грција. Ние треба да работиме за да ги надминеме овие стереотипи”, потврди Меркел. Таа призна дека има тешки прашања и несогласувања меѓу Атина и Берлин, но увери дека сака соработка во духот на взаемната доверба. “Ние сакаме една економски силна Грција, ние сакаме економски раст во Грција и намалување на премногу високата младинска невработеност. Мислам дека сме согласни дека за тоа се потребни структурни реформи и ефикасна администрација”, истакна Меркел.
Ципрас истакна дека средбата во Берлин е исклучително важна за него. “Треба да се разбираме подобро. Нема алтернатива на дијалогот на патот кон отстранување на тешкотиите”, објасни шефот на грчкиот кабинет. Тој, сепак, потврди дека е против политиката на штедење, предводена во Европа.
“Спасувачкиот план за Грција не беше успешен”, рече тој, потсетувајќи на падот на БДП со 25%, зголемување на невработеноста и зајакнување на социјалната нееднаквост во Грција. Во исто време Ципрас остави отворена вратата за дискусии: “Ние, се разбира, не сакаме да го уништиме позитивното од последните години и треба да побараме нови политички комбинации за решавање на нашите проблеми”.
Според него главните реформи кои треба да се одржат во Грција се во сферата на борбата против даночните измами и борбата против корупцијата. Ципрас увери дека не е дојден во Берлин, за да побара пари од германската влада, туку “за да стави заедничка основа” за дијалогот меѓу двете земји. Меркел, од своја страна, потсети дека прашањето со помош за Грција и условите на кредиторите се решава на мултилатералните преговори во еврозоната со ММФ и Европската централна банка. “Одлуките за обезбедување на ликвидност се земаат од меѓународните кредитори”, истакна на неколку пати канцеларката. “Не можам да ветам ништо.
Процесот е сосема поинаков”, рече Меркел. Грчкиот премиер уште еднаш посочи дека Атина очекува од Германија исплата на репарации. Темата за репарациите за настаните од Втората светска војна се ‘почесто се покренуваат во Грција во последно време. Според парламентарците Германија е должна да и отплати на Атина 7.1 милијарди долари според курсот од 1938 година, т.е. сега 108 милијарди евра.
Според последните анкети на јавното мислење во Германија мнозинството Германци се против барањето на надоместок од страна на Грците. Против плаќање на репарации се искажуваат 71% од германските граѓани.
К.К
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




