26 Април, 2024
0.0259

Што ја чека Европа во 2013?

Објавено во: Анализа 28 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Полека но сигурно завршува 2012 година. Годината кога стравот се врати во економијата. Европа е посебно погодена од кризата. Стариот џин некако успеа да ја пројде 2012 но 2013 нема да биде лесна година, барем нејзиниот прв дел. Дифолт во англиската терминологија значи неможност за плаќање на обврски. Тоа ќе биде клучниот збор за 2013 година. Како и на кој начин државите ќе си ги подмируваат обврските и тоа по разни основи. Еве ги најголемите предизвици за Европа во годината која доаѓа: 1.Грција – Веќе подолг период рак рана на Европа. После неколку влади, многу протести, отписи на долгови Грците се чини дека сеуште не се во можност да си ја средат куќата. Огромен дел од долгот е во книгите на ЕЦБ и на официјалните институции. Банките значително ја намалија изложеноста спрема Грција. И сега она што порано се сметаше неверојатно сега веќе е оција...нов отпис и намалување на товарот на Грција. Но потоа тоа без дилема ќе го бараат Шпанците, Италијаните и останатите од дружината на југот. Дали парите се само хартија ќе дознаеме наредната година. 2.Пензии – може нема да биде тема во 2013 но ова прашање ќе мора да се реши. Европа е прилично великодушна кога се пензиите во прашање. Идните обврски со вакви пензиски системи без дилема нема да може да се финасираат. Ќе мора да се носат радикални чекори кои без дилема ќе разлутат многу луѓе и веројатно добар дел од нив ќе излезат на улица. Токму поради ова, пензиите веројатно ќе се решаваат некоја друга година. 3.Намалување на потрошувачката на државите – Од југ па до север државата мора да крати. Очигледно е дека опфатите преку 50% од националните економии се преголеми за финасирање. Впрочем буџетите се полнат од приватниот сектор, а кога на него не му оди доколку се продолжи со исто темпо на владина потрошувачка резултатите се погубни. А пари бараат сите, така да и задолжувањето не е така едноставно, како во минатото. Државите ќе мора да излезат со далеку побалансирани буџети. 4.Валутни војни – веќе неколку пати пишувавме и ќе продолжиме да пишуваме на оваа тема. Америка има 16 трилиони долари долг и печати постојано. Доларот паѓа и другите држави се лутат. Од друга страна Кина држи скоро 3 трилиони долари резерви и мора да купува американски обврзници бидејќи тие им се најголем пазар. Секоја развиена нација е презадолжена, така да доста опасен и проблематичен валутен коктел се создава за наредната година. И за крај, неколку предвидувања: - Меркел ќе ги добие изборите во Германија - Медведев нема да биде премиер -ЕУ според тоа како се однесува нема да добие нобелова награда за економија Редакција Фактор