Што ќе донесе окрупнувањето на земјоделското земјиште- нови земјопоседници или земјоделци!
Објавено во: Агробизнис 27 Декември, 2012 09:13
Малите обработливи парцели се главниот проблем што ја кочи конкурентноста на македонскиот аграр. Од ресорното министерство најавија дека со предвидените мерки, а најмногу преку формирањето на земјоделските задруги, за дваесет години треба да се окрупнат вкупно 100.000 хектари земјоделско земјиште. Проблемот со расцепканоста на земјиштето ќе се решава со низа мерки и ќе биде законски регулирано. Според надлежните, оркупнувањето на земјиштето ќе биде успешно спроведено, особено преку земјоделските задруги.
- Македонија се наоѓа во лоша ситуација, во однос на расцепканоста на земјиштето. Големата фрагментираност на посевите е причина за неможност за обработка на земјиштето, примена на механизација и агротехнички мерки, непристапност до патиштата, обезбедување вода. Рацепканоста на земјиштето треба да се реши зошто секое парче обработлива земја е многу важно. Ние треба да произведуваме што повеќе земјоделски производи, што повеќе храна. Поголема површина значи пониски трошоци на чинење, обработка на земјиштето, зголемување на квалитетот и на родот - изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.
Според земјоделците окрупунувањето на земјиштето е потребно, но очекуваат да има потешкотии во спорведувањето, пред се поради тоа што дел од земјоделците се плашат дека со тоа ќе им се намалат површините. Проценките покажале дека намалувањето може да само пет отсто од нивите, пред се, поради патиштата што ќе се прават
Според анализите сега просечната големина на една парцела е 1,62 хекатри, а дури 63 отсто од површините се под еден хектар. Најалармантна е состојбата во струмичкиот,пелагонискиот и полошкиот регион. Минимум 70 отсто од сопствениците на земјиштето во одреден регион треба да се согласат за да се реализира окрупнувањето.
Од министерството највија и формирање на банка за земјоделско земјиште, преку која секој што сака може да ги издава нивите што не ги обработува или да ги понуди за размена или продажба, а така земјоделците ќе имаат инфомрации кои површини се слободни за обработка.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





