Што ќе се случи кога каматите ќе пораснат?
Објавено во: Анализа 20 Април, 2013 08:29
Со одлуката на Федералните Резерви, секој месец се креираат нови 85 милијарди долари. Парите во економијата влегуваат на тој начин што министертвото за финасии издава обврзници кои Федералните Резерви ги купуваат со новоиздадена валута. Таа валута ФЕДот има право да ја издава по потреба. Впрочем, ова е најголемата разлика помеѓу Европа и САД. Ова е и една од причините затоа што многу економисти сугерираа периферните земји на Европа да го напуштат еврото. Со тоа ќе им се овозможеше да ја девалвираат својата валута и да станат поконкретни. Секако ова не е главен проблем во нивните економии, но со своја валута може побрзо да се дојде до решени. Но, сега засега оваа опција не е на маса во тој дел на Европа.
Од друга страна како што кажавме Бернанке месечно печати по 85 милијарди долари или на годишно ниво тоа е еднакво на дефицитот на САД. Во таква ситуација не ни чуди што приносот на на долгорочните обврзници е некаде околу 2%, тоа е скоро на ниво на инфлацијата. Што би рекло инвеститорите скоро не добиваат ништо за парите кои ги инвестираат во државни обврзници, но тие што не сакаат да ризикуваат инвестираат во сигурните државни обврзници. Згора на сето тоа десетгодишните обврзници делуваат како премија со оглед на тоа дека краткорочните обврзници имаат принос скоро до нулата, што би рекло корегирано со инфлација тоа е негативен принос. Во таква ситуација изборот за инвестирање логично ве наведува кон инвестирање во акции и како што може да видиме резулутатите од тоа се исклчително позитивни. Берзата достигнува предкризно ниво те го надминува истото. Мора да се признае дека и макрорезултатите во САД се доста подобри од тие во Европа, меѓутоа многумина се прашуваат дали се доволно добри, да го оправдаат овој раст на цените кој се случува во моментов во САД, а посебно во Европа. Она што можеби најмногу ги плаши оние кои се скептични е долгорочната проекција за каматите во САД. За неколку години очекувано е приносот на обврзниците во САД да достигне 5%, што би рекло во даден момент сите оние кои имаат обврзници може да доживеаат огормни загуби. Секако секој денеска мисли дека ќе може да време да се префрли и да ги напушти обврзниците пред да падне нивната цена. Логично, доколку каматата на новоиздадените обрзници биде повисока, старите обврзници ќе имаат пониска цена со цел нивниот принос да се изедначи со постоечките. Е, тогаш веќе никој не може да претпостави што точно ќе се случува. Секој кој во тој момент држи долги обрзници ќе биде соочен со огромни загуби. Оние кои позитивни гледаат, велат дека транзицијата ќе биде спора и дека работите полека ќе доаѓаат на свое место, но да не заборавиме дека токму Бернанке пред да започне кризата велеше дека не гледа балон на пазарот на недвижности. Редакција Фактор* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





