Што ќе се случи со над 11 милиони илегални имигранти кои живеат во САД?
Објавено во: Свет 23 Февруари, 2013 10:31
Острите зборови во Вашингтон само го откриваат тешкиот политички предизвик кога е во прашање реформата на американскиот имиграциски систем. Нацрт законот кој го подготви администрацијата на Обама, кој протече во јавноста, можеби ги наруши деликатните преговори зад затворени врати меѓу демократските и републиканските законодавци кои настојуваат да донесат сеопфатен двопартиски закон.
Што ќе се случи со над 11 милиони илегални имигранти кои живеат во САД? Предлогот на администрацијата кој протече во американскиот печат открива дека за нив се воспоставил пат кон постојан легален престој, што би водело кон добивање на државјанство. Но, републиканските законодавци се лути поради тоа, обвинувајќи го претседателот Обама за нарушување на двопартиските напори.
Конгресменот Пол Рајан рече:
Давајќи предност на тие кои одат преку ред, пред имигрантите кои тука доаѓаат легално, не решавајќи го прашањето за сигурноста на границите на соодветен начин, тоа се ми зборува дека тој бара партиска предност, рече Пол Рајан.
Дали претседателот сака резултат? Или сака само уште едно оружје за да ги победи републиканците? - рече Џон МекКеин. Претседателот Обама всушност веќе однапред го известил Капитол Хил.
Ако конгресот не може да го изнесе планот на време, јас ќе испратам свој, рече претседателот Обама.
Додека тензиите растат, администрацијата на Белата куќа побрза да одговори: Шефот на кабинетот на претседателот Денис МекДонаг рече: - Се надевам дека републиканците и демократите нема да бидат вмешани во константна размена на зборови типични за Вашингтон, и дека ќе ги засука ракавите и ќе ја заврши работата - рече Денис МекДонаг. Заговорниците на реформите велат дека Америка сега има единствена шанса нешто да направи. Демократскиот сенатор Чарлс Шумер рече: - По првпат постои поголем ризик во противењето на имиграциската реформа, отколку за нејзина поддршка.
Но, противниците се плашат дека ваквите напори по прашањето за имиграцијата само ќе поттикне дополнителни имигранти. Џим Гилхрист основа граѓанска група која патролира меѓу САД и Мексико.
Ако дадеме амнестија на 15-30 милиони луѓе кои сега се тука илегално, ќе дадеме и амнестија за 300 милиони кои ќе ги следат во следните неколку децении, вели Џим Гилхрист.
Па сепак, аналитичарите на повидок гледаат политички консензус во Вашингтон кога е во прашање имиграциската реформа. Мајкл Мителстад работи за Институтот за имиграциска политика.
- Постои согласност за потребата за дополнителна погранична безбедност, за задолжителна проверка при вработување, за преземање мерки кога се во прашање илегални имигранти и понуда за некој вид на илегален статус, вели Мајкл Мителстад.
Но, тензиите поради нацрт законот кој го даде Белата куќа покажуваат дека патот до промените е далечен. Оваа иницијатива може да се распадне во кој било момент. Мислам дека контроверзата поради цурење на информациите за предлогот на Белата куќа и многу силната реакција на републиканците е само знак за тоа колку е голем влогот, како и знак за фактот дека тоа и понатаму ќе биде многу комплициран и долг процес.
Претседателот Обама од самиот почеток на мандатот се залага за имиграциска реформа. Републиканците попуштија во својот став кон таа иницијатива, по претседателските избори лани, на кои претседателот Обама победи благодарение на силната поддршка на гласачи Хиспанци и Азијати.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




