23 Ноември, 2024
0.1587

ШТО КАЖА НОБЕЛОВЕЦОТ КОЈ ТОЧНО ГО ПРЕДВИДЕ ШИРЕЊЕТО: Во следните два месеци ризикот од смрт е удвоен, но не е страшно

Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Мајкл Левит, биофизичар и добитник на Нобеловата награда за хемија, започна да ги анализира случаите на КОВИД-19 кон крајот на јануари.

Тој предвиде, меѓу другото, дека Кина ќе излезе од најлошата фаза на епидемијата на коронавирус долго пред да предвидат некои здравствени експерти, објави „Лос Анџелес Тајмс“.

Тој верува дека другите земји ќе се борат со коронавирусот на ист начин и не се согласува со епидемиолозите дека светот го чекаат месеци борба против социјалната нестабилност, особено не таму каде има разумни мерки на социјална дистанца.

Нобеловецот истакна дека на 31 јануари во Кина се пријавени 46 нови смртни случаи КОВИД-19. Четириесет и два нови смртни случаи се пријавени на 30 јануари. Иако бројот на нови смртни случаи се зголемуваше, стапката на пораст се намалува. Левит смета дека намалувањето на стапката на пораст во нови случаи е важно затоа што сугерира дека траекторијата на епидемијата е променета.

„Помислете на епидемијата како на автомобил кој брза на празен автопат. Иако автомобилот забрзува, тој не забрзува како порано. Ова значи дека бројот на зголемени стапки на смртност ќе се намалува понатаму во текот на следната недела", напиша Левит во извештајот. Неколку дена подоцна, Левит изјави за Чајна Дејли Њуз дека ширењето на вирусот го достигнало својот врв.

Тој предвиде дека вкупниот број на пациенти со КОВИД-19 ќе биде околу 80.000 и дека 3.250 ќе умрат од оваа болест, што се покажа како многу точно.

На 16 март, Кина имаше 80.229 пациенти и 3.245 смртни случаи, од 1,4 милијарди жители во кои 10 милиони умираат секоја година. Бројот на нови инфекции се намали на околу 25 на ден.

Левит анализирал податоци од 78 земји кои секој ден известувале дека откриле повеќе од 50 случаи на заболување од КОВИД-19 и открил „знаци на закрепнување“ кај многу.

На пример, во Јужна Кореја се додаваат нови случаи на вкупниот број на пациенти секој ден, меѓутоа, тој број се намали во последните неколку недели и останува под 200. Ова покажува дека ширењето на инфекцијата забавува.

Во Италија, од друга страна, епидемијата е во пораст. Таму, бројот на нови случаи се зголемуваше во текот на изминатата недела речиси секој ден.

Кина моментно се бори со нови инфекции бидејќи нивните жители се враќаат дома од земји каде што вирусот се шири неконтролирано. Другите земји, исто така, веројатно ќе се соочат со овој проблем.

Левит тврди дека траекторијата на смртта го поддржува неговото откритие, бидејќи ги следи новите трендови во анализата на порастот на бројот на заразените. Исто така, поткрепени се со податоци за ширење на зараза во затворени простории, како што е оној на крстосувачот „Дијамонд принцес“. Од 3.711 патници, 712 биле заразени со коронавирус, а осуммина починале.

На пример, податоците од овој брод му овозможиле на Левит да процени дека изложеноста на коронавирус во следните два месеци би го удвоила ризикот од смрт на било кој човек. Бидејќи повеќето луѓе се изложени на екстремно низок ризик од смрт два месеци, овој ризик останува многу низок, дури и ако се удвои.

Левит вели дека ги поддржува оние кои мислат дека епидемијата треба да се бори со строги мерки. Социјалното растојание е клучно, особено кога станува збор за забрана на големи собири. „Вирусот е нов, популацијата нема имунитет, вакцината тешко дека ќе биде достапна. Сега не е време да се опиете со пријателите“, додаде Левит.

Нобеловецот вели дека е важно да се добие вакцина против грип, бидејќи епидемијата на грип може да изврши притисок врз болниците, со што полесно се шири коронавирусот. „Ова е веројатно фактор во Италија, земја каде се силни залагањата за вакцинирање“, рече Левит.

"Вирусот може да расте експоненцијално кога е неоткриен и непроверен. Луѓето кои признаваат дека го имаат треба да се сметаат за херои. Треба да се стремиме кон рано откривање", рече Левит, додавајќи дека стапката на смртност од КОВИД -19 е поголема од грипот, но дека тоа не е крај на светот. 

„Вистинската состојба е дека ова не е толку грозно како што се претставува“, заклучи Левит.

Фото Курир.рс.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина

ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи

БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА СОРОС ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАСИИ НА САД: Ова е човекот што го номинираше Трамп, „Ќе воведеме ново златно доба“

БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА СОРОС ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАСИИ НА САД: Ова е човекот што го номинираше Трамп, „Ќе воведеме ново златно доба“

ШЕФОТ НА УКРАИНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ: „Орешник“ е само шифра, рускиот балистички ракетен систем се вика „КЕДР“

ШЕФОТ НА УКРАИНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ: „Орешник“ е само шифра, рускиот балистички ракетен систем се вика „КЕДР“

ПУТИН: Никој нема ракети како Орешник

ПУТИН: Никој нема ракети како Орешник

РУСИТЕ ЈА ПРЕДУПРЕДИЛЕ АМЕРИКА ПРЕД ДА НАПАДНАТ СО „ОРЕВОКРШАЧКА“: Испратите автоматска порака 30 минути пред лансирањето

РУСИТЕ ЈА ПРЕДУПРЕДИЛЕ АМЕРИКА ПРЕД ДА НАПАДНАТ СО „ОРЕВОКРШАЧКА“: Испратите автоматска порака 30 минути пред лансирањето