19 Декември, 2025
0.0699

ШТО ЌЕ НАПРАВИ ЗА СКОПЈЕ КАЈА ШУКОВА? Ги соопшти приоритетите ако стане градоначалничка

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2025 08:22

Добивај вести на Viber

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова во гостувањето на Сител ги негираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека била врзана во бизнис кругот на Зоран Заев и Венко Филипче додека биле на власт и оти дека поради тоа таа не можела да одбие кандидатура и морала да прифати да губи.

-Дегутантно е да се коментираат тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, особено земајќи предвид кои беа надлежностите на Министерствиото за животна средина, јас и како државен секретар и како министер имав редовни постапки кои се спроведуваат согласно закон и секаква поврзаност со Заев или некои други е апсолутно невистина, рече Шукова.

На прашањето зошто се решила да влезе во трка градоначалник на Град Скопје рече дека има многу причини.

-Градот е навистина во очајна состојба, ако како личност чувстувате и професонален и секаков друг капацитет да помогнам пред се на Градот Скопје и мислам треба храбро да се влезе во битка. Мислам дека и јас имам што да понудам, а и СДСМ имаме што да понудиме на Градот Скопје, рече Шукова.

Таа додаде дека политиката мора да се тргне од градот кога се во прашање интересите и потребите на граѓаните. Во интервјуто Шукова се осврна на трите најгорливи проблеми со кои секојдневно се соочуваат скопјани – јавниот превоз, чистотата и водоснабдувањето.

Потенцираше дека состојбата со јавниот превоз е неприфатлива и дека граѓаните секојдневно трпат, возејќи се во автобуси без основни услови, дури и во најтоплите денови.

-Секој граѓанин заслужува безбеден јавен превоз, безбедно да стигне на своето работно место, безбедно да стигне нашето дете во училиште. Ние го разгледуваме сериозно уште еднаш брзиот систем т.е. БРТ системот. Можеби тој систем треба да претрпи мали модификации, ќе го разгледаме уште еднаш и мислам дека е добар модел за градот Скопје. И секако се потребни и еколошките автобуси. Граѓаните не заслужуваат ваков јавен превоз, особено не на овие горештини, мора да се направи под итно нешто, рече Шукова.

Говорејќи за приоритетите што му се потребни на главниот град, Шукова посочи дека во моментов сериозен проблем во Скопје е водоснабдувањето, за што делумно причина се климатските промени, но и дивите приклучоци.

Во однос на можните коалицирања информира дека официјална средба имала со Таравари и на истата се разговарало за меѓусебна поддршка, но дека со ДУИ се уште немале официјална средба.

Запрашана за противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, Шукова посочи дека таа како министер соработувала со него.

-Јас со него сум имала соработка, јас сум позната како министер кој имал соработка со сите градоначалници, без разлика на нивната политичка припадност, тоа го знаат градоначалниците за кои цело време бев достапна и секогаш спремна да ги решам нивините проблеми, јас нема да водам таква кампања како ВМРО-ДПМНЕ,  јас ќе им посочам на граѓаните што знам и што можам, истакна Шукова.


Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните