20 Декември, 2025
0.0438

ШТО ЌЕ ОДЛУЧИ ОРБАН: Уште нема абер од Унгарија за испораката на Груевски

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2018 06:50

Добивај вести на Viber

Министерството без правда уште чека одговор на барањето за екстрадиција за екс премиерот Никола Груевски од надлежното унгарско министерство. Ова го потврди министерката за правда Рената Десковска.

-Предвидениот краен рок за одговор не е поминат. Ќе чекаме и доколку не добиеме одговор во зацртаниот рок, ќе бараме итна евакуација. Тоа се стандардни процедури кои се спроведуваат. Досега Унгарија никогаш не одбила да испорача ниту една личност - кажа министерката.

Унгарското Министерство за внатрешни работи нема информации за тоа како поранешниот македонски премиер Никола Груевски влезе во земјата.

УНГАРИЈА НЕ ЗНАЕ КАКО ГРУЕВСКИ ДОШОЛ ВО ЗЕМЈАТА

И додека се чека на одговорот за испорака јавноста дозна дека Груевски барал азил во унгарската амбасада во Тирана.

„Ние не знаеме како Груевски ја напушти Македонија, но тој пристигна во Унгарија според националните и меѓународните правила“, се вели во писмото од Министерството за надворешни работи на Будимпешта.

Според министерството, „барањето на Груевски не е политичко, туку правно прашање“. Во документот се нагласува дека „Унгарија ќе гради добри билатерални односи со Македонија и ќе ја поддржи земјата на патот кон членство во ЕУ“.

Кабинетот на Виктор Орбан одби да одговори на прашањето „Дали Груевски користел унгарски дипломатски автомобил“. „Нашата институција нема овластување за вакви податоци“, е краток одговор од канцеларијата на Орбан за РСЕ.

Груевски е првиот македонски премиер кој е осуден на две години затворска казна а ќе му се суди во уште пет кривични дела за кој го гони СЈО.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки