Што ќе прави СДСМ ако Иванов не му го додели мандатот на Заев?
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2017 20:03
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска побара претседателот Иванов да му го додели мандатот за формирање на нова влада.
Заев на пресот за новинари рече дека е убеден дека ќе обезбеди потребно мнизинство во Собранието и дека ќе успее да формира влада.
Заев го побара мандатот бидјеќи неговиот ривал и главен конкурент, Никола Груевски, за 20 дена не успеа да формира коалиција за нов владин кабинет со долгогодишниот партнер албанската Демократска унија за интеграција (ДУИ) на Али Ахмети.
Лидерот на партијата која е втора по број на добиени мандати на декемвриските парламентарни избори му порача на претседателот Иванов дека сите други опции, освен да му додели мандат, ќе значат „кршење на Уставот и злоупотреба на службената положба“.
Заев не одговори на прашањето како ќе реагира неговата партија ако не го добие мандатот, но наведе дека секогаш постои алтернативно решение и потсети на претходните протести на граѓаните, истакнувајќи дека е убеден дека Груевски „никогаш веќе нема да биде премиер“.
„Знаете дека секогаш постои решение. Не треба да губиме ни ден повеќе. Македонија ги очекува промените и тие ќе се случат во нашата земја и јас навистина апелирам господинот Иванов час поскоро да го додели мандатот. Само тоа е уставно и само тоа е очекувано. Постојат алтренативни решенија, не би сакал да ги коментирам заради тоа што секогаш има одговор на нешто коешто е непринципелно, не дај Боже незаконски или неуставно. Постојат решенија. Се изнаитрија граѓаните и видоа `се. Секој што се обиде во минатото да го крши Уставот да прави незаконски чекори, нешто што е надвор од нормала, веднаш има контрареакции и повторно се враќаат процесите во нормала“, рече Заев.
ЕУ очекува од Иванов да се консултира со партиите и што е можно поскоро да „одреди лидер кој ќе го трасира патот за нова, стабилна влада“.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




