Добивај вести на Viber
Утре ќе се открие што ќе се случува со рестораните на Мекдоналдс во Македонија, но и со над 200 вработени во нив. Според најавите, Светозар Јаневски, мнозински акционер во компанијата „СЈ“ и сопственик на франшизата за Македонија, на прес-конференција ќе треба да објасни зошто седумте ресторани на Мекдоналдс беа ненадејно затворени во земјава.
„Не ги запираме напорите за повторно отворање на рестораните“, изјави Јаневски неколку дена по нивното затварање.