ШТО ЌЕ СОДРЖИ - СДСМ во четврток ќе ја презентира Резолуцијата со црвени линии
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2025 19:48
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, најави дека во четврток ќе биде објавена драфт верзијата на Резолуцијата за црвените линии и преговори со ЕУ која партијата ја подготвуваше изминатиот период.
„Многу внимателно пристапивме кон овој процес. Темата е чувствителна и бараше консултации со бројни експерти од правото и меѓународното право. Во четврток ќе ја презентираме работната верзија – наш предлог, кој го ставаме на маса за сите политички партии и субјекти во Собранието,“ изјави Филипче.
Тој нагласи дека целта е да се постигне заеднички став за најважното државно прашање во моментов – европската перспектива на Македонија.
„Апелирам сите политички чинители да дадат свои мислења и предлози. Само со единство можеме да ги отвориме поглавјата, да го фатиме чекорот со Албанија и Црна Гора и да ја обезбедиме нашата европска иднина,“ рече лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




