20 Декември, 2025
0.0370

Што кога шефот ви се додворува?

Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2013 12:46

Добивај вести на Viber

Дали знаете да направите разлика помеѓу пријателски разговор за работа со вашиот шеф и додворување? Одговорот го има психологот Белиса Враниќ. Еве некои знаци кои покажуваат дека вашиот шеф има и поинакви намери со вас, и како да се снајдете во таква ситуација. Тој ве распрашува за детали од приватноста Сите кои работат во канцеларија, на пример, сосема е нормално во текот на осум часа работно време да споделат и по некој детаљ од приватниот живот. Но, кога шефот ќе почне да ве испрашува со кого излегувате, живеете и спиете, тоа е знак за нешто чудно. Ако уште притоа спомене дека мрази кога дома нема кој да го пречека и спие сам во кревет, или пак ако се пожали на неговата досадна сопруга – знајте дека претерува. Тогаш едноставно не одговарајте на непријатни прашања за приватниот живот. Прекинете го разговорот што поскоро со објаснување дека имате многу работа. Постојано ви се јавува Кога не сте на работа, веројатно сте достапни на мобилен. Ако вашиот шеф почне да ви се јавува и доцна навечер или за време на викенд, се надеваме дека има навистина важни службени причини. Спречете ја можноста деловниот разговор да прерасне во приватен и јавете се со одлучен професионален тон, дури и ако се спремате за спиење или ја гледате омилената ТВ серија. Ви купува подароци само вам Ако останатите вработени од шефот добиваат електронска честитка а вам ве чека завиткано подароче на работната маса, повторно нешто не е во ред. Ако притоа ве замоли да не кажете на никој друг дека тој ви дал подарок, тоа е класичен знак дека тој сака љубовна афера. Љубезно одбијте го подарокот, речете му дека е премногу дарежлив, но дека подарокот не можете да го прифатите. Постојано бара (само од вас) да работите прекувремено Ако не сте му лична асистентка и вашата работа не е да бидете негова сенка, постојаната потреба да работите прекувремено, со него, е знак дека тој сака афера. Наместо да го обвинувате, понудете му решение. Признајте му дека сте оптеретени со работата и дека можеби е време да викне уште една личност која би ви помогнала во извршувањето на задачите. Ако ни ова решение не ве спаси од непотребната прекувремена работа, спомнете му дека имате ново момче. Тоа би требало во потполност да го обесхрабри. Постојано е блиску до вас Се прашувате ли зошто тој постојано се задржува на вашата работна маса и покрај тоа што има удобна канцеларија? Одговорот е јасен: сака интимно да ви се приближи. Ако често тој се потпира или седнува на вашата работна маса, потрудете се целата да биде исполнета со документи. Ако почне да ве допира, веднаш упатете се до канцеларијата за човекови ресурси. По службениот разговор соочете се со него и признајте дека сериозно ја сфаќате својата работа и дека сметате дека тој ве спречува да го остварите својот целосен потенцијал. Веројатно ќе биде лут, но конечно ќе ја сфати поентата.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии