06 Декември, 2025
0.0272

Што можеме да научиме од Хрватска и Србија во фармакоекономијата?

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2025 08:01

Добивај вести на Viber

Автор: Филип Ачкоски, м-р по фармација, д-р по бизнис администрација, извршен директор во фармацевтска индустрија, медицински писател и здравствен едукатор со повеќе од 20 години искуство на пазарите во Југоисточна Европа. ТопЕдукатор.

Вовед: Како соседите одат чекор напред во здравствениот систем

Македонија често се споредува со своите соседи по големина на пазар, ниво на приходи и здравствен систем. Но кога станува збор за фармакоекономијата — науката која ја мери вредноста на лековите во однос на нивната цена, разликите се очигледни.
Хрватска и Србија веќе изградиле системски пристап каде одлуките за финансирање на лекови не се базираат само на цена, туку на докажана клиничка и економска корист. Македонија, за жал, сè уште е на ниво на административна логика — колку чини, а не колку вреди.

Хрватска – модел на интегрирана фармакоекономија

Хрватска одамна ја разбира фармакоекономијата како алатка за управување со ограничен буџет.

Од 2009 година постои официјално тело за здравствена технологија и фармакоекономска проценка (HTA – Health Technology Assessment), кое анализира ефикасност, безбедност и економска оправданост пред секој нов лек да се стави на позитивната листа.

Секој производител мора да достави QALY (Quality Adjusted Life Years) и ICER (Incremental Cost-Effectiveness Ratio) податоци за да докаже дека терапијата носи вредност која го оправдува трошокот.

Резултат: транспарентен процес на одлуки, кој им овозможува на пациентите пристап до иновативни терапии, но без да крахира буџетот (барем засега ).

Практичен пример:Воведувањето на биосимиларите во Хрватска ја намали цената на одредени онколошки терапии за над 30 %, а заштедата беше пренаменета за воведување нови иновативни лекови. Така изгледа е вистинска фармакоекономија во пракса.

Србија – чекор пред нас, иако со сличен буџет за здравство по глава на жител

Србија, со својата Републичка комисија за лекови, последниве години направи значителен напредок:

Воведени се фармакоекономски извештаи како задолжителен дел од документацијата за нови лекови.

Постои систем за референтни цени (како и кај нас), но со можност за исклучоци кога лекот носи голема вредност по пациент.

Дел од новите терапии се финансираат преку договори за споделување на ризик (risk-sharing models) — односно државата плаќа само ако лекот навистина даде очекуван резултат.

Резултат:Србија успеа да воведе повеќе иновативни лекови во последните 5 години отколку Македонија, иако просечниот здравствен буџет по глава на жител е сличен. Причината? Поефикасна распределба на средствата и подобро разбирање на вредноста на здравствените инвестиции.

Македонија – се уште во административна замка

Во Македонија, поимот „фармакоекономија“ во пракса сè уште е дел од документацијата, но за жал без голема реална примена.

Не постои национално тело за проценка на новите здравствени технологии.

Фармакоекономските анализи често не се земаат предвид при одобрување или формирање на цени на лековите.

Се водиме од правило на лек со најниска цена (особено во тендерските постапки), наместо да бираме на лек со најголема вредност.

Таквиот пристап води до парадоксални ситуации: системот штеди на краток рок, но плаќа повеќе на долг рок преку хронични компликации, повторни хоспитализации и изгубени години живот.

Како да одиме напред во овој сегмент?

Да преминеме од ценовна кон вредносна логика.
Евтин лек со недоволен резултат не е заштеда, туку загуба.

Во фармакоекономијата, прашањето не е колку плаќаме за лекот, туку колку добиваме за тие пари.
Македонија мора да престане да го гледа здравствениот буџет како „трошок“, и да почне да го третира како инвестиција во човечки капитал и продуктивност.

Додека ние сè уште мериме во денари, соседите веќе мерат во години живот спасени по потрошени евра.
А тоа е најголемата лекција што можеме да ја научиме — дека вистинската економија почнува таму каде што здравјето има своја цена и своја вредност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј