ШТО МУ ПОРАЧА ХРВАТСКИ ПРАТЕНИК НА ПЛЕНКОВИЌ: Имаме морална обврска да ја заштитиме Македонија од националистичкиот „булинг“ на Бугарија
Објавено во: Македонија, Балкан 18 Ноември, 2020
Независниот хрватски пратеник во Саборот на таа држава, Бојан Главашевиќ, со сериозно прашање до Андреј Пленковиќ, премиер на Република Хрватска. Тој ова му го поставил во форма на пратеничко прашање на Пленковиќ, и очекува да добие одговор на оваа дилема.
Еве што напиша до премиерот Хрватскиот пратеник.
„Во изминатите неколку месеци се почесто слушаме загрижувачки изјави од официјалниѕе лица од Република Бугарија, во кои тие го оспоруваат јазикот, културата и идентитетот на Републик Северна Македонија, и од таа соседна држава бараат преку отстапки кои одржуваат националистички претензии, а не дух на добрососедски односи и вредности на кои е втемелена Европската унија.
Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева најави блокада на почетокот на пристапните преговори доколку Македонија не „признае“ дека нејзиниот национален идентитет и јазик имаат бугарски корени и доколку не претстане да тврди дека во Бугарија постои македонско малцинство. Таа исто така изјави дека македонската „целокупна државна политика и натаму се заснова на јазикот на омраза“.
Гворот и интонацијата на ваквите изјави и се добро познати на Хравстка: со таков јазик говореа идеолозите на големосрпската агресија на нашата татковина, во хушкачките говори кои и претходеа во осумдесетите години на минатаиот век.
Поради ова, а и поради фактот што Хрватска со Северна Македонија дели силни пријателски, историски и културни врски, сметам дека имаме обврска, пред се морална, да обезбедиме дека во рамките на пристапниот процес Северна Македонија ќе биде третирана чесно, и ќе биде заштитена од националистички „булинг“.
Во светлото на сето ова, моето прашање гласи - дали, и на кој начин ќе интервенирате за да осигурате дека пристапниот процес ќе се одвива во добра верба, и дека Северна Македонија во него ќе биде заштитена од обидите на Бугарија тој процес да го злоупотреби за решавање на отворени билатерални прашања со Северна Македонија“, пишува Главашевиќ во своето прашање до Пленковиќ.
А Бугарија вчера и официјално го блокираше напредокот на Македонија на патот кон Европската унија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.