16 Јануари, 2025
0.1052

Што напиша „Дневник“ за Гинекологија, а како му возврати владата на Камчев

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Невообичаено медиумско препукување денеска имаа дневниот весник Дневник и Владата на Република Македонија, откако весникот објави текст во кој пишува дека иако е реновирана Клиниката за гинекологија, сеуште се користи стара и искината облека за новороденчињата. Наместо одговор или демант на текстот од Клиниката, невообичаено брзо стигна реакција од Владата на Република Македонија, во која стои дека со ваквиот напис се дискредитира Гинекологија, алудирајќи на сопственикот на медиумот Орце Камчев кој истовремено е, како што пишува во реакцијата, сопственик и на приватната болница Систина.

Дневник: Стари шпилхозни ги налутија новите мајки-родилки Мајки што деновиве се породиле на одделението за гинекологија при Kлиничкиот центар во Скопје се жалат дека болничката облека за нивните новородени била во очајна состојба, скината, изветвена, обелена од перење. Родителите велат дека иако реагирале до медицинскиот персонал, нивните бебиња сепак првите денови од својот живот ги минале во облека што на родителите не им донела радост, а не смеат да ги облечат во свои - нови. Така е според правилникот за да нема несакани инфекции, пишува денешен Дневник. Во текстот стои и одговорот од одделението за гинекологија каде посочуваат дека биле запознаени со забелешките на мајките, но сметат дека состојбата не е толку лоша. „Прво, не станува збор за скината облека, туку поради честите перења таа е или обелена или изгледа износено. Проблемот е во старата пералница, која е во употреба одамна, па наместо со едно вртење на алиштата, врти повеќепати за да ги испере. Но, за среќа, во новата зграда на гинекологија имаме наша пералница со нови машини. Деновиве таа е пуштена во употреба, па веќе нема да се соочуваме со вакви проблеми“, вели за Дневник Драгана Букилица, портпаролка на одделението за гинекологија при Kлиничкиот центар. Владата:Да не се дискредитира Гинекологија На ова стигна експресна реакција од Владата на Република Македонија. Оттаму со соопштение реагираа да не се дискредитира и напаѓа ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје. „Изразуваме задоволство што во написот објавен во весникот Дневник, инаку дел од компанијата МПМ, единствено нешто што е најдено како слабост или пропуст за ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје е обелената облека на бебињата поради честото перење и одржување на хигиената“, се наведува во соопштението. Но реакцијата оди уште подалеку. Од Владата потсетуваат дека сопственик на компанијата МПМ која го издава весникот Дневник е Орце Камчев, кој истовремено е сопственик на болницата Систина, која, се посочува, вложува максимални напори да привлече повеќе пациенти од државната гинеколошка клиника во Скопје, со единствена цел да заработи повеќе пари од пациентите. „Со оглед дека весниците во сопственост на МПМ никогаш немаат напишано нешто негативно за приватната болница Систина и ништо позитивно за државните клиники и болници, би сакале во оваа прилика да ги прашаме зошто токму гинеколошкиот дел од Систина сите комплицирани и потешки случаи веднаш ги препраќа на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје каде облеката е обелена од перење? Зошто многу случаи за кои може и документирано да се докаже, откако ги третираат извесно време во моментот кога ќе дојде до компликации веднаш ги испраќаат на државната клиника? Дали затоа што новите пижами и шпилхозни во Систина не се доволни за да направаат сложени и ризични интервенции кога воопшто не е важно ништо друго освен стручноста и совесноста?“, стои во владиното  соопштение. На ваквата реакција вечерва се огласи и Дарко Јаневски, главниот и одговорен уредник на „Дневник“ кој прашува кога Владата имала седница за „Дневник“?

Можеби ќе ве интересира

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE