Што напиша Иванов на Фејсбук за Јани Бојаџи?
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2018 14:31
Претседателот на државата, Ѓорге Иванов преку социјалните мрежи му даде поддршка на режисерот на „Ругање со Христос“, Јани Бојаџи.

„Ругање со Христос“ е многу актуелен во јавноста по изјавата на министерот за култура Асаф Адеми, кои без да го гледаат, од трејлерот и сценографијата, констатираа дека е скандалозен и дека ги повредува чуствата на Албанците, затоа што припадниците на ОНА се прикажани како насилници. Според него, филмот има спорен политички контекст, по што беше побарано од државниот правобранител да го суспендира.
„Ругање со христос“ може слободно да се прикажува низ кино-салите откако Основниот суд Скопје 2 соопшти дека вчера од Државното правобранителство на Република Македонија му е доставен поднесок за повлекување на предлогот за изрекување привремена мерка за забрана за прикажување.
Таткото на Бојаџи деновиве беше уапсен, а потоа и ослободен во случај за тргување со артефакти.
„Бескрајно сакам да верувам во случајности, во погрешно место и погрешно време. И, да, секој чесен човек треба и мора да верува во независноста и непристрасноста на судот и обвинителството. Бескрајно ви благодарам на сите за поддршката кон мене и моето семејство. Не знам како да ви се оддолжам освен со ветување дека следниот мој филм ќе биде подобар од овој“- напиша Бојаџи, чиј татко беше приведен, на денот на премиерата на неговиот филм „Ругање со Христос“.
Неговиот татко не беше помеѓу седуммината на кои судот им одреди мерка притвор, а кои беа уапсени во истата акција, во која е проведен и таткото на Бојаџи.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




