Што не очекува во ИТ индустријата во текот на 2017-та година
Објавено во: Мои пари 09 Јануари, 2017 16:41
Со цел да направи осврт на случувањата во ИТ индустријата изминатава година, а воедно и да предвиди што нè очекува во текот на 2017-та, специјализираниот портал IT.mk интервјуираше 36 македонски професионалци во 13 сегменти на информатичката технологија и го претстави серијалот IT.mk/2017 .
Годинава што измина беше една од најдинамичните години низ сите ИТ сегменти - од автономни возила, вештачка интелигенција па сè до експлозијата во популарност на платформи како Snapchat, Viber, лажните вести и е-печалбарство, видеата во живо преку Facebook и развојот на стартап еко-системот, меѓу другото... се случуваа револуционерни работи, но и сериозни киксови, како што беше проблемот со батеријата на Samsung Galaxy Note 7 и фактот дека беа хакирани неколку милиони акаунти на светските гиганти Yahoo!, Dropbox, LinkedIn.Но, далеку од тоа дека може да кажеме дека годинава сме виделе сè...
Пред нас е 2017-та, која се очекува да биде уште подинамична година на полето на информатичката технологија, година во која ќе има поголем развој и комерцијализација на автономните возила, напредок на вештачката интелигенција, уште повеќе видеа во живо, четботови и понапредни мобилни апликации, подобрување на е-трговијата во Македонија, фокус на корисничкото искуство во веб апликациите, како и епилог на најактуелната тема во онлајн медиумите за 2016-та – лажните вести и нивниот пласман на друштвените мрежи.
Прочитајте повеќе за очекувањата и трендовите кои следат во серијалот IT.mk/2017 за сегментите:
· Е-трговија - интервју со Нина Ангеловска (основач на Grouper.mk), Даниела Милошеска (основач на BastetNoir.com) и Нина Нинеска (основач на Modular.mk);
· Онлајн медиуми – Зоран Ричлиев(новинар, специјалист за дигитални медиуми),Срѓан Стојанчов (новинар) и Мите Кузевски(основач на VidiVaka.mk);
· Друштвени медиуми – ДаркоБулдиовски(основач, New Media MK), МиткоЦабевски (ко-основач и CMO, u:Plug) и ИваДујак (менаџер за дигитални операции, Brand Union);
· Вештачка интелигенција – интервју со Игор Трајковски (основач, Time.mk);
· Онлајнрекламирање – Ненад Ристовски (директор на дигитален оддел, Publicis), Филип Младеновски (менаџер за дигитално огласување, Universal Media) и Влатко Серафимовски (Трендоленд);
· Мобилни апликации – Иван Ивановски (основач, Venikom Mobile), Горјан Јовановски (креатор на МојВоздух), и Нино Карас (ко-основач, Letz.do и CodeWell)…
...како и за останатите ИТ сегменти Гејминг, Стартапи, ИТ Кариера, Веб дизајн, Front-end девелопмент, ИТ безбедност, Графички дизајн иХардвер.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




