Што очекуваат европратениците пред и по изборите во Македонија?
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2016 15:00
Европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн денеска во Скопје изјавија дека подготовките за предвремените парламентарни избори течат според планираното.
Тие очекуваат фер избори и се надеваат дека по изборите новата влада веднаш ќе се посвети на итните реформски приоритети и враќањето на земјата на евроатланскиот пат.
„Слушнавме дека помеѓу партиите има дух на соработка со кои би се избегнале инцидентите за време на кампањата и имаме добра причина да веруваме дека изборите на 11-ти декември ќе бидат фер и транспарентни и дека ова ќе значи нов почеток за Македонија. По изборите е важно резултатите да бидат признаени и да се продолжи со реформите кои беа дефинирани во Пржинскиот договор, со консензус од страна на сите политички партии“ - кажа Вајгл.
Флекенштајн се надева дека многу граѓани ќе излезат да гласаат на изборите. Според европратеникот Кукан, подготовките за изборите досега се добри.
„Новата влада потоа треба веднаш ќе започне со исполнување на Итните реформски приоритети, бидејќи ова е најдобриот начин да се потврди посветеноста кон евроинтеграциите и дека конечно вашата земја ќе започне да се движи кон оваа насока“ - изјави Кукан.
Тие ги охрабруваат партиите да овозможат граѓаните демократски на избори да ја покажат својата волја.
Даваат поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство.Тие денеска се сретнаа со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева со граѓански организации и претставници на политички партии. Европратениците разговараа со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, ДПА, Мендух Тачи, ДУИ, Али Ахмети, а од ВМРО ДПМНЕ разговараа со Никола Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




