Што од СЈО може да заврши во раце на ОЈО?
Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2019 06:45
Собранието да се изјасни за рокот на СЈО за истраги и обвиненија. Ова ќе го бара државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Имено, Јовески и проширениот колегиум во Обвинителство одлучиле да баарат Парламентот да пресе одлука според која ќе стане јасно дали обвинителството под капа на Катица Јанева ќе смее или нема да смее да покренува истраги и обвиненија откако ќе истече рокот од 18 месеци согласно Законот за СЈО.
Оваа барање произлегува откако Кривичниот суд Скопје побара од Јовески да се произнесе кое обвинителство може во иднина да постапува како овластен тужител во предметите поднесени од СЈО.
Ставот на Јовески пак е дека Врховниот суд има надлежност да изгради начелно правно мислење во случаи кога судовите по иста одредба или по ист правен основ носат различни одлуки.Јовески меѓудругото посочи дека ОЈО ќе ги земе во свои раце оние предмети кои се покренати од СЈО а за кои специјалните обвинители ќе се изјаснат за ненадлежни.
Основното обвинителство според кажаното од Јовески е извесно дека ќе ги користи бомбите .
Можеби ќе ве интересира
Безбеден град почнува само во Скопје, Тетово, Куманово и коридорите 8 и 10
„КОНЕЧНО, СКОПЈЕ ДОБИВА ЛУНА ПАРК“: Почна јавната набавка за проектирање и набавка на новиот забавен парк во градот
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Казните од „Безбеден град“ официјално ќе почнат од 1 февруари
Наташа Крстевска-Цалева стана в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
Туфегчиќ: Од 15 обвинители, најмалку 5 не се согласуваат со вакво обвинение за „Пулс“
Шеесет и три јавори се засадени во Кочани во чест на загинатите во „Пулс“
Општина Аеродром за Зимзоленд: Земјиштето на кое е поставена манифестацијата е во приватна сопственост
„ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ НАПЛАЌАЛЕ УСЛУГИ ОД ПАЦИЕНТИТЕ КОИ НЕ СМЕЕЛЕ“: Клековски по контролите во Итна помош и Домашна посета
ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено




