Што откри истрагата за смртта на диџејот Авичи?
Објавено во: Свет 23 Април, 2018
Првите извештаи од истрагата поврзана со смртна на светски познатиот диџеј Авичи покажува дека нема сомнежи за насилство или друг вид на човечки фактор.
Швеѓанецот Тим Берглинг почина во петокот, во Мускат, главниот град на Оман. Локалната полиција изврши две обдукции, а изворот тврди дека убиство како причина за смртта, е исклучено.
Подготовките за преместувањето на посмртните останки на ди-џејот во неговата родна Шведска се при самиот крај.
Авичи долги години имаше проблеми со зависноста од алкохолот која му предизвикуваше огромни здравствени последици. Почина на 28 годишна возраст.