ШТО ПОНАТАМУ СО НИКОЛА ГРУЕВСКИ: Од перспективен брокер, партиски лидер, премиер, до осуденик и бегалец
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2018 06:40
Со меѓународна потерница органите на прогонот го бараат Никола Груевски. Тајно и без да го забележи полицијата тој пребегал во Унгарија.
Од Будимпешта се јави самиот на социјалната мрежа Фејсбук каде напиша дека е во Унгарија и бара политички азил во земјата на неговиот пријател Виктор Орбан.
По неколку кривични дела кои му висат над глава а кои му ги подготви СЈО, првата пресуда Груевски ја доби за набавката на луксузниот мерцедес.
Почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ кој повикуваше доброволно да го уапсат и затворат, дефинитивно го сменил мислењето откако и официјално МВР потврди дека е во Унгарија.
Да потсетиме кој е Никола Груевски ....
Моментално бегалец кој бара политички азил но и пратеник со редовна пратеничка плата во Собранието на Македонија. Осуден на двегодишна затворска казна за случај кој ја разгневи јавноста кога се дозна дека се потрошени 600 илајди евра за блиндирано возило.
Кариера
Во 1999 година стана министер за економија и ја почна политичката кариера - безмалку 20 години подоцна за него е потврдена казна затвор. Имало и ќе има политичари кои завршиле во затвор, ама на Груевски во макеоднски услови тоа никој не му го предвидуваше. Тој владееше како да ќе биде лидер секогаш. Историјата ќе покаже какви дела правел, македонското судство сега му потврди дека како премиер влијаел за набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард.
Роден е во Скопје на 31 август 1970 година. Од 1995 до 1998 година работел во Балканска банка, па во Светска банка и во Европската банка за обнова и развој. Бил претседател и основач на брокерската асоцијација и ја направил првата трансакција на Македонска берза. Во 1999 година на 29 години станал министер за трговија во Владата на Љубчо Георгиевски. Подоцна стан и министер за финансии.
Во 2006 година Груевски стана премиер. Во тој период, воведен е Данокот на додадена вредност и го отвора процесот на денационализација на националниот имот во периодот од 1945-1990 година. Во спроведување на економските реформи, на почетокот, влегува во сојузништво со меѓународните финансиски институции и кредитори.
„Ерата“ на владеење, Груевски ја обои и економски и политички. Но и националистички. Тој посегна по даночни промени, воведувајќи го рамниот данок, а во 2007 година го воскреснува замрениот проект „Слободни економски зони“ – по што следува широка и агресивна кампања а многу фронтови за привлекување на странски инвестиции.
Неговото владеење го одбележаа серија на апсења кои ќе остават длабоки траги – дел од нив оценети и забележани во меѓународните извештаи како политички.
ПАДТехнички, почетокот на падот на премиерот Никола Груевски започнува во февруари 2015 година. Објавена е првата „политичка бомба“ од страна на тогашната опозициска СДСМ. Процесот на објавување на незаконски прислушуваните материјали, почна и траеше. Но Груевски не попушти – напротив објави војна на „предавниците - домашни и странски“. Сепак, како дел од Пржинскиот договор, во јануари 2016 година, Грувески поднесува оставка од функцијата премиер. По смената на власта, Груевски станува пратеник.
Затворот неизвесен
Дали еден ден ќе заврши Груевски во затвор е неизвесно. МВР распиша и меѓународна потерница , а власта најавува дека ќе ги преземе сите мерки тој да биде вратен во Македонија на издржување на затворската казна.
Фото: Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




