Што порача Груевски од струмичко?
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2016 14:55
Носителот на кандидатската листа во ИЕ 4, Никола Груевски денеска во струмичко порача дека имаат програма која е реална и издржана.
Тој најави повеќе проекти пред струмичани. Груевски рече дека нови 600 милиони евра се планирани за македонскиот земјоделец во наредните четири години.
„Предвидуваме нов затворен базен со ватерполо димензии за Струмица и струмичани, за младите луѓе. Во Струмица планира да изградиме и пречистителна станица за 54.000 жители за што ќе се инвестираат 7 милиони евра. Ќе се реконструираат и неколку патиштата, ќе се изгради и фекална канализација за Дабиле, Добрејци, Просениково. Ќе се набават 125 нови медицински апарати за болницата и здравствениот дом. Градбата на започнатата општа болница како што тече со добра динамика ќе продолжи да се гради и да се заврши, а ќе изградат и 41 стан за лица кои се од социјално ранливи категории“ - кажа Груевски.
Додаде дека се планира да се прошири и обнови постоечката каналска мрежа на хидросистемот Турија со што ќе се опфатат повеќе општини, освен Струмица, Василено, Босилово, Ново Село. Ќе се изгради и магистралниот гасовод, а Струмица ќе добие гас по цевковод.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




