20 Декември, 2025
0.0414

Што порача партијата на Меркел на ВМРО-ДПМНЕ?

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2018 08:05

Добивај вести на Viber

Од ЦДУ/ЦСУ испратија порака до ВМРО-ДПМНЕ. 

Парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ на германската канцеларка Ангела Меркел ја повикува македонската опозиција да гласа во полза на уставните измени, со што се отвора патот на земјата кон НАТО и ЕУ.

При тоа им порачува, ќе бидат политички одговорни за блокирањето на овој пат на Македонија и на долг рок ќе придонесат за изолација на земјата. Тоа истовремено ќе се одрази и на можноста за почнување преговори за пристап во ЕУ кон средината на идната година, велат од парламентарната група на германската владејачка коалиција.

Заменик претседателот на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ, Јохан Дејвид Вадефул вели дека иако потребниот цензус од 50 отсто излезност не беше постигнат, одлучувачко ќе биде гласањето во Собранието.

„Со преку 91 отсто од гласовите „за“, гласачите во Македонија се одлучија за европскиот пат и пошироките ЕУ и НАТО перспективи на нивната земја. Парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ жали што само 37 отсто од гласачите учествуваа на референдумот за промена на името и поради тоа цензусот не беше исполнет. Во секој случај, референдумот не е обврзувачки. Одлучувачко е потребното двотретинско мнозинство за уставните измени и промената на името ќе биде постигната со гласање во Собранието“- вели тој.

ЦДУ беа главните ментори на ВМРО ДПМНЕ за нивното интегрирање во Европската народна партија.

Сега топката за Договорот со Грција се префрла во Собранието. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки