19 Декември, 2025
0.2132

Што после негативниот референдум на Грција?

Објавено во: Балкан 06 Јули, 2015 12:59

Добивај вести на Viber

Следејќи ги советите на својата влада и гласајќи со "не" на референдумот во неделата, грчките граѓани испратија недвосмислена порака. Слично на американските херои во филмот "Мрежа", кои, отворајќи ги прозорците, викаа "бесен сум и не издржувам повеќе", Грците сакаат остатокот од Европа да го признае нивното страдање, коментира главниот економист на Allianz Мохамед Ел-Ериан за BloombergView.

Во оваа фаза сепак само неколку европски лидери изгледаат подготвени да слушаат. И уште помал број изгледаат подготвени да ја обезбедат дозата олеснување од која Грција очајно има потреба. Последиците ќе се почувствуваат најмногу во Грција, но и во Европа, па дури и надвор од неа.

Според Ел-Ериан има 10 последици на референдумот и гласањето, кои претстојат да ги видиме во наредните денови.

1. Победата на поддржувачите на негативното гласање - со повеќе од 60% од гласовите, според прелиминарните резултати првично ќе доведе до распродажби на хартии од вредност, до цена притисок над обврзниците на Грција и на други периферни економии и пазари од еврозоната. Германските и американските државни хартии од вредност, пак, ќе добијат од процесот на бегство кон квалитетни средства.

2. Фатени неподготвени, европските политичари итно ќе се обидат да ја повратат иницијативата: германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ќе се состанат денес во Париз, за ​​да разговараат за последиците. Во еден идеален свет оние лидери брзо и ефикасно ќе работат заедно со грчката влада, за да го надминат конфликтот. Ова веројатно ќе биде тешко, имајќи го предвид недостатокот на доверба, непријателството и обвинувањата кои ја уништија врската.

3. Дури и со овие предизвици грчките и европските политичари немаат многу време за да се соземат. Ужасните услови во Грција ќе се влошат уште повеќе, пред да почнат да се подобруваат. Без огромна итна помош од Европската централна банка (ЕЦБ) - решение, што е малку веројатно да биде донесено, Владата тешко ќе најде пари за да ги наполни банкоматите во земјата, а камоли за повторно да ги отвори банките.

 4. Додека Грците гледаат да акции, недостатокот на стока, вклучувајќи бензин и храна, ќе се зголемува. Контролата на капиталот и плаќањата ќе биде затегнати. Економијата ќе направи уште еден загрижувачки чекор надолу, продлабочување на невработеноста и сиромаштијата. А Владата ќе се бори да ги  исплати пензиите и платите на државните службеници.

5. Како резултат Владата ќе се покаже под зголемениот притисок да издаде државни обврзници тип IOU (буквално I Owe You - Имам долг кон тебе) за да се задржи чувството на функционална економија. Ако тоа се случи, обврзниците IOU ќе ја преземат улогата на алтернативна валута користена внатрешно со попуст во однос на единствената валута.

6. Надвор Грција ќе има многу обиди за ограничување на неповолните ефекти. ЕЦБ најверојатно ќе предложи нови мерки за да ја ограничи регионалната зараза, вклучувајќи го проширувањето на сегашната програма за големи купувања на хартии од вредност. Ова ќе го ослабне девизниот курс на еврото. Освен тоа заедно со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), на кој Грција веќе е во долгови, ќе се подготвува за серија од обврските на Грција.

7. Сите инволвирани страни ќе преминат кон подготвен план Б. Оваа транзиција ќе биде многу трауматична за Грција, отколку за остатокот од Европа.

8. Крајната цел е можно побрзо надминување на веројатноста за уште страдања, болка и несигурност меѓу луѓето, а Европа ги има инструментите и институциите да ја ограничи заразата и да го одржува интегритетот на еврозоната. Но, тоа ќе бара дополнителни активности од ЕЦБ, во комбинација со мерки на Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) и Европската инвестициска банка (ЕИБ), насочени кон завршување на банкарска унија и постигнување на напредок кон фискална интеграција.

9. Доста е сомнително дали Грција ќе успее да закрепне со статус на полноправна членка на еврозоната. Без сериозни вештини за управување со кризи таа навистина се соочува со опасната веројатност да стане пропадната држава. Наместо само да стои настрана, Европа треба да обезбеди дека евентуално излегување на Грција од 19-члената еврозона нема да доведе и до отцепување на поголемиот дел Европска унија. Ова, на пример, може да вклучува специјално членство во договор за асоцијација.

10. Не на последно место, очекуваме експлозија од обвинение. Оваа непродуктивна активност може да доведе до одложување на итната потреба Европа да Ги прифати лекциите од овој тажен резултат. Серијата од неисполнетите ветувања за реформи на неколку грчки влади беа засилени од политички инает, слаба анализа и неконзистентно следење на процесот од страна на Европа, што придонесува за тоа Грција да не е функционален член на семејството.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен