ШТО САКАМ ДА БИДАМ КОГА ЌЕ ПОРАСНАМ: Професии кои носат најмногу, и најмалку пари во Македонија!
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2016 12:56
Според последниот извештај на Заводот за статистика најплатените професии во Македонија се забележуваат во компјутерската индустрија. Веднаш зад неа се правните и сметководствени дејности додека воздухопловството како професија е трета најплатена во земјава.
Највисоките просечни плати се забележуваат во дејностите:
Компјутерско програмирање со бруто плата од 74 971 , правни и сметководствени дејности со 68 481, воздушен сообраќај 63 469 , фармација со 62 786 денари и телекомуникации 59 439 денари.
Наспроти тоа најмали плати, статистка регистрира во секторот рибарството и аквакултурата. Овие две индустрии имаат просечна бруто плата од 16.933 денари.
Зад нив најслабо платени се вработените во индустријата за производство на кожа со 17.078, луѓето кои работат на одржување на згради/животна средина/природа со 19.707 и луѓето вработени во производство на мебел со 19.982 денари.
Мажите и натаму полесно наоѓаат работа и се подобро платени од жените, а лицата со завршено високо и вишо образование се значително подобро позиционирани на пазарот на трудот, отколку оние со основно и средно образование, покажуваат податоците. Најголем дел од невработените се лица со средно образование.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




