19 Декември, 2025
0.0403

Што се „крчка“ во „Гранит“, кој се купи акции за 1,8 милиони евра?

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2022 07:52

Добивај вести на Viber

Има ли најмали изгледи тезата дека последните блокови со акции се во функција на консолидација на актуелната раководна структура во очи на претстојни можни ангажмани на „Гранит“ во проекти на „Бехтел и Енка“? И дека е можно групација која е надвор од „Гранит“, а располага со ликвидни средства да се обидува да купува акции таму за „да и се слуша гласот“ во евентуални разговори за големите патни инфраструктурни проекти на кои има реални шански да учествува „Гранит“

Акцијата на „Гранит“ седмицата ја отвори со промет од 1,2 милиони евра. Интензитетот на тргување е поголем од претходната седмица, а цената што претходните денови беше само психолошка маргија сега станува реалност.

Тргувањето на берзата втора недела по ред е под целосна доминација на оваа акција чиј вкупен промет за пет трговски дена е речиси 2 милиони евра.

Вчера на берзата беше истргувана најголемата количина акции на „Гранит“ од 10 февруари до сега. Станува збор за промет од 1,14 милиони евра од кои најголем дел се од системски блок истргуван половина час пред отварањето на класичното тргување на берза. Тој системски блок вреден 1,1 милиони евра беше катализатор за случувањаа на берзата денеска со таа акција.

Според информации на „Фактор“ кои не се официјални и од кулоарите на домашната инвеститорска заедница акции во „Гранит“ купуваат две групации. Правата е обединета околу долгогодишниот прв човек на таа компанија – Страшо Милковски. Купуваа тој, членови на Одборот на директори и претставник на Надзорниот одбор на таа компанија. Како што веќе пишувавме тие, согласно со правилата за котација, објавија дека купиле акции. Повеќе детали има на следниот линк https://faktor.mk/blek-frajdej-vo-granit-koi-direktori-kupija-akcii-za-650000-evra

Шпекулација која во моментов не може да се провери е дека таму купува и друга структура за која се вели дека не е од Скопје. Наводно, тие тргуваат преку една брокерска куќа, а членовите на органите за надзор и за управување во „Гранит“ ги користеле услугите на две или три други брокерски куќи.

Оваа шпекулација се надоврзува на можното влегување на нашиот градежен пазар на конзорциумот „Бехтел и Енка“ кои треба да градат три автопатски патни правци во земјава без тендер со директни договори со Владата, одобрени со lex specialis од нашето Собрание.

Доколку стартува во догледна иднина работата на „Бехтел и Енка“ нивен прв избор на нашиот пазар би бил „Гранит“ – најголема и реномирана домашна градежна компанија. Во такви услови на преговарање за деловна соработка би биле многу значајни позициите кои се имаат во „Гранит“. Ако ништо друго од причина што тоа е голем бизнис вреден стотици милиони евра, а за нашата градежна компанија ќе обезбеди работа на среден рок за најголем дел од расположливите технички и кадровски ресурси.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии