„Блек фрајдеј“ во “Гранит“! Кои директори купија акции за 650.000 евра?
Објавено во: Економија 03 Октомври, 2022 07:41
Уште двајца членови на Управниот одбор го поддржаа Страшо Милковски, долгогодишниот директор на најголемата градежна компанија, а освен нив солидна сума во акциите на „Гранит“ вложи и членка на Надзорниот одбор. Во изминативе две седмици директори на „Гранит“ платија над 650.000 евра за акции, а најмногу од нив купи Милковски
Директорите на „Гранит“ ги консолидираат своите позиции во акционерската структура на таа најголема домашна градежна компанија. Македонската берза пред некој ден потврди дека Страшо Милковски, претседател на Управниот одбор и неговите членови Андреа Серафимовски и Катерина Ѓердовска заедно со претставничка на Надзорниот одбор Виолета Божиновска во акции на „Гранит“ вложија 264.000 евра изразено во пазарни цени на таа акција.
Сите четворица заедно купија нешто повеќе од 12.000 акции односно 0,4 отсто од сите акции со право на глас. Најмногу акции купи Страшо Милковски – 3.550, Серафимовски и Божиновска по 2.888 акции, а Ѓердовска купи 2.713 акции.
Како што веќе пишувавме, долгогодишниот прв човек на „Гранит“ плати 392.000 евра за 0,6 отсто од акциите на компанијата, ште се случи пред две седмици.
Заедно со овие акции кои сега ги купија овие четири претстаници на одборите за управување и за надзор, во овие десетина трговски дена, се истргувани еден отсто од сите акции на таа компанија.
Неофицијално продавачи на акциите се две физички лица, брачен пар, кои лани станаа познати за инвеститорската заедница и за јавноста воопшто по тоа што побараа дополна на акционерско собрание со точка за поголема дивиденда од тоа што беше понудено од управниот одбор на компанијата. Оваа информација е неофицијална и за неа нема потврда ниту демант.
Благодарение на овие трансакции акцијата на „Гранит“ беше една од најтргуваните хартии на нашата берза и токму заради тоа ја достигна и највисоката годишна пазарна цена. А тоа не е мала работа во овие денови на општа неизвесност заради војната во Украина и енергетска криза која сериозно ја разгорува инфлацијата на ниво на цел континент.
Акцијата на „Гранит“ е една од најбарните т.е. „Бест бај“ акции на нашиот пазар на капитал. Таа од основањето на берзанскиот индекс МБИ – 10 е негов составен дел. Воедно „Гранит“ во континуитет години наназад е компанија која редовно исплаќа дивиденда на своите акционери. Токму заради тоа во акционерската структура е присутен со над седум отсто и задолжителниот пензискиот фонд на „Сава“ од вториот пензиски столб кој кумулира средства за неколку стотини илјади идни пензионери. Портфолио менаџерите на овој фонд акцијата на „Гранит“ ја препознале како вредна долгорочна инвестиција.
Најголеми акционери во „Гранит“ се синот Зоран и ќерка Ивана , деца на Страшо Милковски – човекот што во втората половина на деведесетите години на минатиот век го превзеде кормилото на „Гранит“ и неодамна место генерален директор го препушти на неговиот син, а тој остана на биде претседател на Управниот одбор на компанијата.
Секое од неговите две деца има по нешто помалку од 9 отсто од акциите кои во најголем дел се наследство од нивниот татко.
„Гранит“ останува мнозински поседувана домашна компанија во која над 50 отсто од акциите се во рацете на 3.870 домашни физички лица.
Р. Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





