27 Април, 2024
0.0313

ШТО СЕ КРОИ ВО БРИСЕЛ ЗА БАЛКАНОТ - зона како замена за полноправно членство?

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Македонските политичари се изјаснија, не скаат алтернатива за членство во ЕУ. Но, според медиумите, таков проект се подготвува во Брисел.

Целта е да се создаде еден економски регион од земјите од Западен Балкан, а би се нарекол Европска економска зона. 

Идејата била шесте држави на Западен Балкан - да имаат пристап до единствениот пазар на ЕУ, како Норвешка и Исланд. 

Со ова, на државите би им се понудиле финансиска помош, посебни аранжмани за пристап на европските пазари и други погодности, во замена за повлекување од полноправното членство.

За земјите што побрзо би ги спроведувале реформите, би биле одобрувани повеќе грантови и инвестиции, како еден вид награда за реформските процеси.

Тоа, еден вид специјално партнерство на унијата со овие земји, не би значело дека земјите нема да влезат во ЕУ, но тоа ќе се случи кога секоја земја ќе биде подготвена. 

Критериумите за тоа попрецизно би биле дефинирани на Самитот што ќе се одржи во мај идната година. 

Од кога датира оваа идеја, која може да се смета и како „нешто помеѓу“ полноправно членство и затворање на европските врати, нема информации. Она што се знае, е дека, барем според официјалните изјави, таа не е прифатлива за овдешните власти.

Властите во земјава велат децидно „не“ за сите вакви предлози. Вчера по тоа прашање прилично јасно се огласија и премиерот Зоран Заев, и претседателот Стево Пендаровски. 

На својот фејсбук профил премиерот Заев напиша дека земјава не прифаќа алтернативни решенија. 

„Нашата татковина припаѓа во ЕУ и затоа не прифаќаме никакви алтернативни решенија, како парнерства или посебни статуси. Сакаме во ЕУ затоа што сме европејци, работиме за тоа право и јас ве уверувам, ние ќе добиеме одлука за почеток на преговорите. Затоа што со ништо помалку ниту се согласуваме ниту прифаќаме. Ние припаѓаме на Европа и ги имаме истите права како и земјите членки на ЕУ и нема да го компезираме со друго право“, напиша премиерот Заев.

И шефот на државата беше прецизен. Пендаровски вчера го посети својот албански колега, Илир Мета, а на пресот беа едногласни дека за двете држави нема друга алтернатива освен членство во Европската унија. 

Пендаровски предложи и оддржување на вонреден самит, на кој ќе учествуваат земјите Западен Балкан, и на кој би се отфлиле сите алтернативи за евроинтеграцијата на регионот.

„Реално мислам дека и двете држави требаше да ги почнат пристапните преговори. Притоа ние потрошивме многу време на нашите европски пријатели, да ги убедиме дека не станува збор за давање на полноправно членство , туку станува збор само за почеток на еден процес кој сигурно ќе трае со години. Станува збор за многу долг процес во кој ќе има доволно време ние да ги имплементираме европските стандарди и принципи со помош на нашите европски пријатели и тоа е најдобриот начин за брзо правење на реформи“, рече шефот на македонската држава. 

Да не се прифаќаат алтернативи се согласија и сите први луѓе на партиите во земјава, на неодамнешната лидерска средба кај претседателот Пендаровски.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера рече дека отсекогаш цел на таа партија бил членство во Европската унија, а сега сите сме тажни поради неуспехот на земјава. 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“