19 Мај, 2024
0.0258

Што се случи со половина милион млади Грци кои избегаа од должничко-финансиската криза?

Објавено во: Балкан 01 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Новото истражување на грчката консултантска мрежа КПМГ откри дека четири од 10 млади Грци кои ја напуштиле земјата за време на годините од должничко-финансиската криза немаат намера да се вратат..

Иако околу 427.000 млади Грци емигрирале во периодот помеѓу 2008 и 2016 година, јавната дебата за влијанието на нивното заминување допрва треба да започне. 

Истражувањето, чии резултати беа презентирани во петокот во Атина, ги забележаа одговорите на 300 Грци кои живеат и работат во странство, повеќето на возраст меѓу 25 и 35 години.

Коментирајќи во врска со наодите, генералниот менаџер на КПМГ Грција, Пеги Велиото, ја нагласи потребата за систематска и тесна соработка меѓу владата и универзитетите и бизнисите во земјата.

Една третина (34 отсто) од испитаниците изјавиле дека биле студенти во странство за време на кризните години и одлучиле да најдат работа во истата земја, додека 19 отсто рекле дека биле невработени кога одлучиле да си заминат.

Повеќето од нив работат во финансии, банкарство, сметководство и истражување и технологија, додека најпопуларните дестинации се Велика Британија, Холандија и Обединетите Арапски Емирати, додека оние кои се одлучиле за САД или Австралија, обично тоа го прават поради семејните врски во тие земји.

Што се однесува до потенцијалните стимулации за младите емигранти да се вратат во Грција, покрај подобрите плати, повеќето испитаници укажале на потребата за подобра работна средина и корпоративна култура, повеќе меритократија и економски реформи за зајакнување на претприемништвото.

Профилот на просечниот грчки емигрант за време на кризата е опишан како млад, неженет дипломиран универзитет. Истражувањето покажа дека испитаниците ќе размислат да се вратат во Грција ако има политичка и финансиска промена.

Во специјалниот извештај оваа недела, Хеленската федерација на претпријатија (СЕВ) истакна дека иселувањето е огромна дестимулација за работодавачите и работниците во Грција.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс