Што се случува во авионите: Патник претепал стујардеса, авионот принудно слетал!
Објавено во: Балкан 01 Април, 2015 13:33
Авион на компанијата „EasyJet“ морал принудно да слета на римскиот аеродром бидејќи еден патник ја претепал стујардесата бидејќи предолго го чекал својот сендвич!
Авионот летал од Женева за Приштина, а целата драма почнала кога изнервираниот патник почнал да се дере на цел глас.
„Умирам од глад, сендвичот го чекам со саати!“
Еден од очевидците ја прераскажал оваа невероватна сцена:
„Прво и се дереше на стујардесата, а потоа ја удри. Кога жената падна на подот, манијакот не престана да се дере, и продолжи да ја тепа“.
Останатите патници застанале во одбрана на немоќната жена, а пилотот одлучил да го спушти авионот во Рим поради безбедносни причини.
Стујардесата покасно ја искажала својата верзија за дневникот „20минути“.
„Бев во шок. Неможам да поверувам дека некој може така да реагира поради сендвич“.
Италијанската полиција веднаш по слетувањето го уапсила манијакот, а на стујардесата и била пружена лекарска помош на аеродромот.
„EasyJet “ го потврди нападот, а останатите 180 патници се пренесени до Приштина по други линии.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




